Италијанскиот бизнисмен Валтер Лавитола признал дека организирал бомбашки напад пред домот на познатиот истражувачки новинар Сигфридо Ранучи. Но, според неговиот адвокат, Лавитола не сакал да му наштети на Ранучи. Адвокатот тврди дека со нападот Лавитола сакал да му помогне на својот пријател.
Самиот Лавитола го признал тоа пред истражителите по апсењето претходно оваа недела, објави британски „Гардијан“.
Импровизирана, но моќна бомба експлодирала пред домот на Ранучи, во близина на Рим, во октомври минатата година. Експлозијата речиси ги уништила неговиот автомобил и автомобилот на неговата ќерка.
Првичните сомнежи биле насочени кон мафијата. Кон крајот на јуни биле уапсени уште четири лица. Тие се осомничени дека го извршиле нападот по наредба на Лавитола.
– Тој го направи тоа заради Ранучи затоа што тој беше цел на нападот – изјави авдокатот на Лавитола велејќи дека бизнисменот сакал неговиот пријател да добие посилна полициска заштита поради заканите од мафијата.
Лавитола ги отфрлил и тврдењата дека сакал да ја зголеми популарноста на Ранучи и да му отвори пат кон политиката.
Истражниот материјал, според „Гардијан“, содржи и транскрипти од нивните телефонски разговори. Во еден од нив Лавитола наводно му рекол на новинарот:
– За две години ќе бидеш премиер.
Истражителите не тврдат дека Ранучи знаел за планот. Новинарот претходно изразил шок по апсењето на својот пријател.
Сигфридо Ранучи ја води истражувачката емисија „Репорт“ на италијанската државна телевизија Раи. Неговите истраги опфаќаат криминал, корупција и постапки на високи политички функционери.
Неговиот адвокат Роберто Де Вита оцени дека, доколку се потврди верзијата за мотивот на Лавитола, новинарот е „тројна жртва“.
Ранучи и Лавитола станале пријатели во 2019 година. Иронијата е што се зближиле откако новинарот претходно го истражувал бизнисменот.
Самиот Ранучи нивниот необичен однос неодамна го опишал како можен случај на „Стокхолмски синдром“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
