Шумски пожар во вашиот регион. Ако се наоѓате во Сивири, во регионалната единица Халкидики, упатете се кон Мола Калива, е пораката од бројот за итни случаи 112 што кусо по 15 часот по локално време беше испратена до жителите и оние кои се во околината на Сивири на првиот крак на Халкидики, поради пожарот што избувна денеска, јави дописничката на МИА од Атина.
Во пожарот интервенираат 122 пожарникари со три пешадиски тима и 41 возило, меѓу кои 12 пожарникари со три возила од Молдавија, кои се наоѓаат во Грција во рамките на програмата преку европскиот механизам за цивилна заштита.
За гаснење од воздух ангажирани се девет авиони и три хеликоптер, од кои еден за координација, а помагаат и цистерни од општина Касандра.
Пожарот избувна околу 14 часот по локално време и гори ниска вегетација, 40 минути подоцна беше испратена првата порака од 112 за информирање на оние кои се наоѓаат во поширокото подрачје на пожарот, а подоцна и втората, во 15.09 часот за евакуација.
Поширокиот регион на Халкидики денеска е во категоријата четири со многу голема опасност за избувнување пожари.
Tagged as:
Туристите и жителите кај Сивири да се упатат кон Мола Калива
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
