Background

Во Свечената сала на Владата денеска ќе се одржи свечена седница со која ќе се одбележат 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Во Свечената сала на Владата денеска ќе се одржи свечена седница со која ќе се одбележат 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

На седницата ќе се обратат првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Настанот ќе се пренесува во живо на профилите на Владата на Фејсбук и Јутјуб.

Рамковниот договор беше потпишан пред 25 години, на 13 август во Скопје, по завршување на преговорите кои се одвиваа во Охрид, со што официјално се стави крај на конфликтот од 2001 година.

- Advertisement -
Ad image

Договорот беше потпишан во претседателската резиденција на Водно од страна на тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, како и тогашните лидери на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ПДП, Имер Имери и на ДПА, Арбен Џафери. Свои потписи на договорот ставија и специјалните претставници на ЕУ и на САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју.

Повеќе од 130 закони, законски измени и дополнувања се донесени во изминатите години од имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, од кои најголем дел – 59 се закони за правична застапеност, 40 се во сферата на идентитетот, културата, образованието и децентрализацијата на власта.

За успешна имплементација на договорот, беше формиран Секретаријат за спроведување на Охридскиот рамковен договор, кој во 2019 година се трансформираше во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation