На територијата на државата до 7:30 часот утрово се регистрирани вкупно 51 пожар на отворен простор, од кои пет се активни, четири се ставени под контрола, а 42 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според информацијата на ЦУК, активни се пожарите над селото Моране, на потегот Вртекица и Рамни Габер во Општина Студеничани, каде е зафатена мешана шума, кај селото Старо Балдовци во Општина Босилово, каде гори ниска вегетација и шамак, кај селото Маково во Општина Новаци, кај селото Муждивњак во Општина Крива Паланка и во атарот на селото Лознани во Општина Могила, каде се зафатени површини со ниска вегетација.
Под контрола се пожарот на градската депонија во Делчево, пожарот кај Ново Село на планината Огражден, пожарот кај селото Манастирско Доленци во Општина Кичево и пожарот кај селото Копанце во Општина Јегуновце.
Во текот на изминатото деноноќие изгаснати се 42 пожари на различни локации во државата, меѓу кои во општините Врапчиште, Гостивар, Желино, Јегуновце, Тетово, Делчево, Пробиштип, Штип, Дебар, Дебарца, Кичево, Ресен, Прилеп, Кривогаштани, Битола, Илинден, Гази Баба, Кисела Вода, Чаир, Зелениково, Сарај, Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Македонски Брод, Куманово, Теарце, Центар Жупа, Новаци, Долнени и Липково.
Tagged as:
Ноќеска се изгаснати дури 42 пожари на различни локации
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
