Background

Цената на храната втор месец по ред бележи намалување

Најновите официјални податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека во јули 2026 година инфлацијата на месечно ниво изнесува 0,1 проценти, што потврдува дека ценовните движења остануваат стабилни, без значителни шокови на пазарот, истакнуваат од Министерството за економија и труд и додаваат дека официјалните показатели не упатуваат на потреба од воведување нови интервентни мерки.

– Министерството за економија и труд и понатаму внимателно ги следи движењата на цените преку официјалните статистички податоци, но и преку анализите на набавните и продажните цени и бруто-профитните маржи. Паралелно, Државниот пазарен инспекторат продолжува со редовни и засилени инспекциски контроли за да се спречат евентуални злоупотреби и неоправдани поскапувања. Во моментов, официјалните показатели не упатуваат на потреба од воведување нови интервентни мерки, бидејќи ценовните движења се стабилни, а кај најзначајната категорија храната веќе втор месец по ред се бележи намалување на цените – велат од Министерството.

Сепак, додаваат, Владата останува целосно посветена на заштитата на животниот стандард на граѓаните.

- Advertisement -
Ad image

– Доколку се појават нови неоправдани ценовни шокови или нарушувања на пазарот, ќе реагираме навремено и ќе ги искористиме сите механизми што ни стојат на располагање за обезбедување фер пазарни услови и заштита на потрошувачите – порачуваат од Министерството за економија и труд.

Според нив, особено е значајно што и во текот на јули продолжува трендот на намалување на цените на храната и безалкохолните пијалаци, кои се пониски за 1,1 процент во однос на претходниот месец.

– Ова е втора последователна месечна корекција кај оваа категорија и претставува позитивен сигнал, имајќи предвид дека токму храната има најголемо влијание врз семејниот буџет и животниот стандард на граѓаните. Зголемувањето на трошоците на животот во јули главно произлегува од сезонски движења, пред сè кај транспортот, каде е регистриран раст од 4,4 проценти, како и кај рекреацијата, спортот и културата, кои традиционално бележат повисока потрошувачка во летниот период – прецизираат од Министерството з аекономија и труд.

На годишно ниво, додаваат, инфлацијата изнесува 2,3 проценти, додека цените на мало се повисоки за 1,8 проценти во однос на јули минатата година. Тоа, како што посочуваат, претставува значително поумерено ниво на инфлација во споредба со периодите кога државата се соочуваше со силни ценовни притисоци предизвикани од глобалната енергетска и ценовна криза.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation