Background

МАДОНА САКАЛА ДЕТЕ ОД ДЕНИС РОДМАН И БИЛА СПРЕМНА ДА МУ ПЛАТИ

Експлозивната романса меѓу кралицата на поп-музиката Мадона и најозлогласеното „лошо момче“ на НБА, Денис Родман, која траеше нешто повеќе од два месеци во 1994 година, стана културолошки феномен за кој и денес се зборува. Таа спои два навидум неспоиви света и создаде приказна исполнета со страст, его и, според тврдењето на Родман, неверојатна деловна понуда што влезе во легендите. Додека Мадона за сето тоа главно молчеше, кошаркарот беше повеќе од подготвен да го сподели секој, па и најинтимниот детал.

Кога кралицата на попот реши дека го сака „лошото момче“

На почетокот на деведесеттите, кариерата на Мадона минуваше низ предизвикувачки период. Нејзиниот албум Erotica од 1992 година постигна послаб успех, а филмот Body of Evidence од 1993 година доби лоши критики. Од друга страна, Денис Родман, тогаш играч на Сан Антонио Спарс, беше во вртоглав подем, не само како врвен спортист, туку и како медиумска личност позната по кршењето на правилата.

Според Родман, токму пејачката го направила првиот чекор. Во едно интервју раскажа дека на телевизија изјавила оти мисли дека „Денис Родман е е*ено кул“ и дека сака да го запознае.

- Advertisement -
Ad image

– Ме прогонуваше во Сан Антонио. Секој ден кога ќе дојдев на тренинг ми велеа: Денис, Мадона постојано те бара на телефон – се присети тој.

Неговата прва реакција била целосно игнорирање.

– Мислев дека нејзината музика е срање, обична комерцијална поп-музика – признал.

Но, пејачката не се откажала. Наскоро лично се појавила на негов натпревар во Лос Анџелес.

– Седеше во првиот ред со своите пријателки, изгледаше баш како Мадона. По натпреварот седеше пред мојот шкаф во соблекувалната. Ја прашав: Што, по ѓаволите, правиш овде? Не ја поканив. Едноставно влезе и седна – раскажал тој.

Додека останатите играчи, завиткани само со пешкири, барале да се фотографираат со неа, Родман конечно попуштил. Истата вечер заминал во нејзината куќа и така започнала нивната романса.

 

Повик во Лас Вегас: „Овулирам, дојди веднаш“

Најпознатиот и најбизарниот детал од нивната врска, кој Родман го повторувал безброј пати во интервјуа и во својата автобиографија Bad As I Wanna Be од 1996 година, е тврдењето дека Мадона му понудила 20 милиони долари за да ѝ направи дете.

Според неговата приказна, пејачката била опседната со идејата да стане мајка, а тој бил нејзиниот избор за татко. Кулминацијата на приказната се случила една ноќ додека Родман бил во Лас Вегас, каде што се коцкал.

– Го кренав телефонот, а Мадона рече: Овулирам, овулирам. Донеси го својот задник веднаш овде – напиша тој во книгата.

Без многу размислување, ги оставил жетоните на масата, се качил во приватниот авион што му го испратила и по петчасовен лет пристигнал во Њујорк.

– Го направивме тоа што требаше. Кога завршивме, таа стоеше на глава обидувајќи се да го поттикне зачнувањето – како и секоја девојка што се обидува да забремени. Потоа се вратив со авион во Лас Вегас и продолжив да се коцкам таму каде што застанав.

Мадона никогаш јавно не ја коментирала оваа анегдота, па таа остана да живее како дел од дивата романса меѓу неа и Родман, раскажана исклучиво од негова перспектива.

Крајот на романсата и наследството на една медиумска бура

Страсната врска згаснала исто толку брзо колку што и се разгорела. Родман како главна причина за раскинувањето го навел притисокот и стравот дека нејзината слава ќе го засени.

– Сè уште се гледам себеси како човек кој мораше да почне од работа како домар за да постигне нешто во животот. Да донесам одлука колку сериозно да ја сфатам врската со Мадона беше повеќе отколку што можев да поднесам – вели Родман.

Тој тврдел дека се сретнале во совршен момент – нејзината кариера стагнирала, а неговата била во подем, па меѓусебно се мотивирале.

Иако нивната романса беше кратка, Родман во својата автобиографија напиша дека Мадона сакала сè.

– Мислам дека го сакаше секој дел од Денис Родман – брак, деца, сè.

За нивниот интимен живот напиша дека сексот со неа „не бил див и перверзен“, туку „многу забавен“.

Години подоцна, нивната врска останува неизбежен дел од поп-културата на деведесеттите. Таа беше совршен пример за судир на две огромни и неконвенционални личности кои накратко, но интензивно, ги споделија светлата на рефлекторите.

Додека Мадона продолжи да го гради својот статус на музичка икона, главно игнорирајќи ја оваа епизода, Денис Родман се погрижи приказната за нивната страсна и необична врска никогаш да не биде заборавена.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation