СДСM: Мицкоски удри по младите затоа што ја кажаа вистината, младите не се плашат- младите ќе победат!
Мицкоски удри по младите затоа што ја кажаа вистината, младите не се плашат- младите ќе победат!
Во Ново Село, се случи нешто што не смее да се премолчи.
Млади активисти на СДСМ беа нападнати од тепачи на Мицкоски.
Младите стоеја мирно. Носеа транспарент за вистина – дека Гостивар се труе со вода, дека луѓето се разболуваат, дека државата молчи и нема одговорност.
Група насилници, испратени со јасна намера, се обидоа да ги замолчат.
Меѓу нив има лица поврзани со Мицкоски и ВМРО, членови на ВМРО, пратеници на ВМРО и возачот на градоначалникот од ВМРО.
До вчера – медиумски линч, навреди, поделби, лаги. Сега, кога вистината излегува на виделина, лагите веќе не се доволни. Сега следува и физички напад.
Ова е порака на Мицкоски дека секој млад човек кој ќе проговори против оваа власт – ќе биде нападнат.
Порака дека стравот треба да владее кај младите.
Но тука погрешија. Ние, младите не ви се плашиме.
Младите се тие кои ќе ве поразат.
Бараме од Министерството за внатрешни работи и од Обвинителството – веднаш. Не утре. Не за една недела. Веднаш да ги идентификуваат сите учесници во нападот и да ги приведат.
Да се утврди и кој го дал налогот за нападот врз младите.
Затоа што ова не беше спонтано. Ова беше испратено.
Јасно е. Христијан Мицкоски и неговата структура се плашат.
Се плашат од вистината за водата, за економијата, за иселувањето на младите, за намалениот број на ученици, на првачиња, за хаосот во секој сегмент на државата.
И кога лагите повеќе не држат – праќаат тепачи.
Младите не се плашат. Младите нема да молчат.
Доаѓа време кога сите што денеска сеат страв ќе одговараат.
Сите ќе одговарате за криминалот и корупцијата, а особено за ова што удривте на децата.
Младите ќе победат. Македонија ќе победи.