СДСМ: Кога Мицкоски вели „нема поскапување“ – граѓаните се плашат
Кога Мицкоски вели „нема поскапување“ – граѓаните се плашат


Христијан Мицкоски повторно уверува дека Македонија е безбедна, дека има стратегија и дека не размислува за поскапување на струјата, туку за нејзино поевтинување или барем зголемување на евтината тарифа.
Истото го слушавме и за горивата.

Секој пат кога Мицкоски најавуваше „мерки за стабилизација“ и „најниски цени“, горивото поскапе.

Секој пат кога велеше „нема да има поскапување“, граѓаните плаќаа повеќе.
Сега ја повторува истата формула со струјата.
Во регионот веќе има проблеми – историски низок водостој на Дунав, намалено производство, повисоки цени на берзите.
Македонија увезува струја.
Кога соседите имаат криза, ние плаќаме.
А парното греење веќе поскапе а сезоната на греење уште не ни почнала.

Кога Мицкоски вели „нема поскапување“, тоа за граѓаните веќе не е ветување.
На крај продава спокој на државата… а сите веќе знаеме за бизнисите со хидроцентрали, увозот на струја и животот на висока нога од „професорската“ плата на професорот-тендер-патриот.