Background

АКТИВНИ ПОЖАРИ ВО МАКЕДОНСКИ БРОД И ВО СТРУМИЧКО

Вкупно 18 пожари на отворен простор се регистрирани во државата до 18 часот, од кои два сè уште се активни, четири се ставени под контрола, а 12 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Најсериозна останува состојбата во општина Македонски Брод, каде што пожарот кај селото Грешница, во месноста Стојанова Населба, и натаму гори и зафаќа ниска вегетација, деградирана шума и грмушки.

Активен е и пожарот во струмичко, меѓу селата Ново и Старо Коњарево, каде што огнот зафатил стрниште.

- Advertisement -
Ad image

Под контрола, според ЦУК, се четири пожари. Екипите сè уште интервенираат на депонијата во Делчево, кај селото Падалишта во гостиварско, каде што гори ниска вегетација и нискостеблеста шума, на дивата депонија кај селото Долна Белица во струшко, како и кај селото Блато, во атарот на Врбјани во општина Кривогаштани, каде што огнот зафатил ниска вегетација и стрниште.

Во меѓувреме, пожарникарите успеале да изгаснат 12 пожари што избувнале во текот на денот. Интервенции имало кај Моноспитово во Босилово, Севендели во Валандово, меѓу Селемли и Стојаково во гевгелиско, на автопатот Гостивар – Тетово, кај Фалиште во Желино, Теново во Брвеница, покрај железничката пруга во Маџари, во населбата Гоце Делчев во Скопје, кај Дуброво во Неготино, Кондово во Сарај, Крупиште во Штип и Уларци во Чешиново-Облешево.

Од Центарот за управување со кризи апелираат граѓаните да бидат внимателни при движење и престој на отворено, бидејќи високите температури и сувата вегетација значително го зголемуваат ризикот од појава и брзо ширење на пожари.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation