Еден од товарните авиони на аеродромот во Лајпциг, во чија близина вчера беше пронајден дрон со експлозивна направа, бил натоварен со муниција наменета за Украина, објавија германски медиуми, повикувајќи се на доверливи полициски документи.
Според нивните информации, станува збор за еден од четирите товарни авиони што во моментот се наоѓале на аеродромот, а дел од медиумите наведуваат дека токму тој можеби бил цел на неуспешен напад.
Аеродромот во Лајпциг, во источна Германија, е еден од клучните логистички центри за транспорт на оружје и воена опрема кон Украина.
Дронот со експлозивна направа бил откриен завчеравечер од вработен во воениот карго-дел на аеродромот.
Германските власти засега не откриваат детали за потеклото на уредот, но министерот за внатрешни работи, Александар Добриндт, посочи дека постојат индиции оти зад инцидентот стои странска сила.
– Зборуваме за сценарио за хибриден напад. Ова не е дело на аматери, туку бара високо ниво на техничко знаење – изјави Добриндт.
Освен што е важен логистички центар за воени пратки, аеродромот во Лајпциг е и главен воздушен центар на DHL во Германија и е еден од ретките германски аеродроми со дозвола за 24-часовен сообраќај.
Ова не е прв ваков инцидент. Во јули 2024 година во центарот за претовар на DHL на истиот аеродром експлодираше пакет што требало да биде префрлен со авион кон Полска, поради што германските власти тогаш отворија истрага за можен саботажен напад.
Tagged as:
Дрон со експлозив пронајден до авион натоварен за Украина
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
