Background

ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „ОХРИДСКА КНИЖЕВНА ШКОЛА“

Во рамки на свечената програма на Општина Охрид по повод јубилеите – 1110 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски и 1140 години од основањето на Охридската книжевна школа, во црквата „Света Софија“ беше промовирано делото „Охридска книжевна школа“ од авторот проф. д-р Димитар Пандев.

Книгата е издание на Општина Охрид, во рамки на едицијата „Охридско книжевно наследство“. Делото е отпечатено во тираж од 200 примероци и содржи 300 страници посветени на значењето на Охридската книжевна школа и нејзината улога во развојот на словенската писменост, духовност и култура.

Во името на Општина Охрид пред присутните се обрати Ана Крстеска заменик градоначалник.

– Охрид е светилиште на писменоста, место во кое пред повеќе од единаесет века се поставени темелите на една голема цивилизациска мисија. Тука, во Охридската книжевна школа, под закрилата на Свети Климент Охридски, се создавале вредности кои го надминале времето и просторот. Тука се ширело словото и се градела писменоста врз кои ја засноваме нашата почит кон јазикот, книгата и културниот идентитет.

Почитувани, во годината во која со особена почит се навраќаме кон величественото дело на Свети Климент Охридски, денес, имаме чест да бидеме дел од уште еден значаен настан кој ја потврдува трајната улога на Охрид како лулка на словенската писменост и духовност.

Книгата „Охридска книжевна школа“ е уште еден драгоцен камен во богатата книжевна ризница на Охрид. Таа не е само научно дело, туку и траен запис за големината на една епоха.

Општина Охрид, како чувар на ова непроценливо наследство, останува посветена на поддршката на културата, науката, издавачката дејност и на сите проекти кои придонесуваат за зачувување и афирмација на нашата книжевна традиција.

Наша обврска е да го чуваме она што ни е оставено како аманет, но и да создаваме нови вредности кои ќе бидат гордост за идните поколенија. Затоа, секоја нова книга, секое ново истражување и секој културен настан посветен на Охридската книжевна школа е уште еден чекор во продолжувањето на светата мисија на нашиот најголем светител и просветител Свети Климент Охридски.

Во оваа пригода, упатувам искрена благодарност до проф. д-р Димитар Пандев за неговиот исклучителен придонес и за големиот труд. Верувам дека оваа книга нема да биде последна страница во овој значаен творечки опус и дека во иднина ќе имаме чест да промовираме уште многу вредни дела.

Охрид бил и ќе остане град на книгата, град на културата, град, кој со гордост го чува наследството на Свети Климент и кој понатаму ќе биде инспирација за нови творечки потфати, нови знаења и нови сведоштва, кои ја потвруваат Македонската вековна историјаистакна Крстеска во своето обраќање.

- Advertisement -
Ad image

Промотори на книгата беа проф. д-р Бобан Крапејовски и м-р Перчо Божиновски, кои се осврнаа на научното значење на делото и на придонесот на авторот проф. д-р Димитар Пандев во проучувањето и афирмацијата на македонскиот јазик, книжевност и културно наследство.

Свое обраќање имаше и уредникот на едицијата „Охридско книжевно наследство“, Митре Велјаноски и авторот на книгата, проф. д-р Димитар Пандев, кои упатија благодарност за континуираната посветеност на Општина Охрид на литературното творештво.

Во рамки на програмата настапи црковниот хор „Акордис“ со „Радосници на Свети Климент и Пантелејмон“, во аранжман на м-р Гоце Ристески, а свој настап имаа и Детскиот хор „Плаошник“ и актерот Владо Дојчиноски со монологот „Деца на Климента“.

Свечената програма на Општина Охрид по повод 1110 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски и 1140 години од основањето на Охридската книжевна школа продолжува и во текот на наредните денови со повеќе културни настани и ќе трае до недела.

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation