Background

СДСМ: Катастрофата во Гостивар продолжува –во водата има бактерии, а резултатите дури на 20 август

Катастрофата во Гостивар продолжува –во водата има бактерии, а резултатите дури на 20 август.
Катастрофата во Гостивар продолжува. Илјадници граѓани се отруени, над 4.000 луѓе се соочија со последиците од загадената вода.
Тотален колапс на здравствените институции, на Мицкоски и Клековски.
Министерот за здравство Сашо Клековски вчера соопшти дека официјалната анализа на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена дури на 20 август.
Во водата има опасни бактерии, а граѓаните на Гостивар сега треба да чекаат уште две недели за официјалните резултати.
Тогаш врз основа на кои резултати ја прогласија водата дека е „технички исправна“ и може да се користи?
Единствениот одговор е дека водата беше прогласена за исправна само затоа што така кажа Христијан Мицкоски.
Како што рековме документ нема. Никој не сакаше да потпише и да сноси кривична одговорност.
Сега знаеме кој треба да ја понесе, Мицкоски, Клекоски, Тошковски.
Во меѓувреме, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски зборуваше за хиперхлорирање и им порача на граѓаните само да ја пуштат водата да истече од чешмите.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов јавно потврди дека во водата има опасна бактерија.
Сега истата власт бара граѓаните да чекаат до 20 август за официјалните анализи.
Ова е неодговорно и недозволиво.
Власта си игра со здравјето и животите на луѓето.
Скандалот е уште поголем затоа што загадената вода стигна и до болницата во Гостивар.
Ова е целосен распад на системот.
И додека граѓаните се трујат, тендер-патриотите прават бизнис.
Владата преку СОЗР склучила бизнис-зделка од околу 100.000 евра за набавка на вода во Гостивар, со директно договарање, без јавен оглас.
Додека народот се бори за здравје, некој профитира на неговата мака.
За Гостивар мора да има одговорност, обвинителот да не чека насоки туку да постапува.
Клековски, Тошковски и целата екипа мора одговараат.
Ова повеќе не е неспособност туку свесно труење на народот.
Одговорност мора да има!

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation