Дел од ракета на американската вселенска компанија Спејс Икс, кој остана во орбитата по мисијата од минатата година, денеска ќе удри во Месечината со брзина од околу 8.690 километри на час.
Станува збор за вториот степен од ракетата Фалкон 9, која во јануари 2025 година го испрати лендерот на компанијата Firefly Aerospace кон Месечината. Ракетниот степен, тежок околу 4 тони и со големина на автобус, се очекува да удри во Ајнштајновиот кратер, на дел од Месечината што е ретко видлив од Земјата.
Од Спејс Икс нагласуваат дека судирот не е намерен.
Се очекува ударот да создаде облак од месечева прашина, кој веројатно ќе биде осветлен од Сонцето, но тешко ќе може да се забележи со голо око од Земјата.
Вообичаено, ваквите делови од ракетите повторно влегуваат во атмосферата на Земјата и согоруваат или паѓаат во океанот. Но, поради поголемата сила потребна за мисијата кон Месечината, вториот степен останал во вселената и со месеци неконтролирано се движел како дел од вселенскиот отпад.
Астрономите претходно утврдија дека неговата траекторија неизбежно води кон Месечината. Според експертите, комбинацијата од сончевата активност и гравитациските сили го насочила остатокот од ракетата кон природниот сателит на Земјата.
Иако ваквите судири се ретки, тие не се без преседан. Во 2022 година, степен од кинеска ракета исто така удри во Месечината. НАСА во 2009 година намерно предизвика ваков судир за научни истражувања.
НАСА и Спејс Икс веќе работат на решенија за да се спречат слични инциденти во иднина, особено во пресрет на мисиите од програмата „Артемис“, чија цел е враќање на астронаути на Месечината и изградба на постојана база.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
