Background

Трамп изјави дека администрацијата на САД имала „многу добри разговори“ со Иран, што ги зголеми очекувањата дека наскоро може да биде постигнат договор за окончување на петмесечниот конфликт

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека администрацијата на САД имала „многу добри разговори“ со Иран, што ги зголеми очекувањата дека наскоро може да биде постигнат договор за окончување на петмесечниот конфликт.

Цените на нафтата паднаа, а берзанските индекси пораснаа во азиското тргување, откако акциите на Волстрит достигна рекордни нивоа поради надежите дека наскоро може да биде постигнат договор за обновување на поморскиот сообраќај низ блокираната Ормуска Теснина.

– Тие водеа целодневни преговори – изјави Трамп за преговарачите во интервју за „Фокс њуз“, додавајќи дека Ормус „ќе биде отворен многу скоро“.

- Advertisement -
Ad image

Сепак, тој упати и предупредување до Иранците, дека „доколку повторно се повлечат, ќе бидат погодени многу силно“.

Американскиот политички портал „Аксиос“, повикувајќи се на два регионални извора и американски претставник, објави дека САД и Иран се приближуваат до привремен договор за повторно отворање на Ормуската Теснина, во согласност на Оман кој контролира дел од акваторијата.

Иранските државни медиуми, повикувајќи се на неименуван извор, соопштија дека евентуалниот договор со Оман ќе биде одложен „додека САД продолжуваат со заканите кон Иран“.

Ормуската Теснина е една од најважните светски поморски рути низ која вообичаено се транспортираат околу петтина од глобалните количини на нафта и течен природен гас.

Техеран долго време бара поголема контрола врз пловидбата низ Теснината што, според Иран, треба да биде управувана заедно со Оман што се наоѓа на спротивниот брег.

Во меѓувреме, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, изјави дека разговорите со Оман за транзитот низ Теснината се „позитивни“ и продолжуваат, со фокус врз воспоставување безбедни поморски коридори.

Меѓународната поморска организација на ОН соопшти дека од почетокот на војната на 28 февруари се регистрирани најмалку 17 загинати морнари во 64 инциденти поврзани со Ормуската Теснина.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation