Background

Ова лето Џенифер Лопез со своите 18-годишни близнаци Макс и Еме ужива на патување низ Италија, кое има посебно емотивно значење

Ова лето Џенифер Лопез со своите 18-годишни близнаци Макс и Еме ужива на патување низ Италија, кое има посебно емотивно значење. Пејачката на Инстаграм објави ретки семејни фотографии со опис: „Патување со моите кокосчиња пред да заминат на колеџ“, откривајќи дека сака да ги помине последните безгрижни денови со децата пред тие да започнат ново животно поглавје.

За време на престојот во Италија, семејството ги посети најпознатите знаменитости – Колосеумот во Рим, Ватикан, музеи и уметнички галерии, а се возеше и со гондола низ каналите на Венеција. Лопез пленеше со своите елегантни летни комбинации, додека Макс и Еме останаа верни на опуштениот спортски стил. Патувањето е дел од нејзината желба да создаде уште неколку незаборавни семејни спомени пред близнаците да заминат на различни факултети.

Сепак, идиличните фотографии предизвикаа поделени реакции. Голем дел од следбениците забележаа дека за време на возењето со гондола, наместо да уживаат во погледот кон Венеција, близнаците најголем дел од времето гледале во мобилните телефони. Други коментираа дека речиси постојано носеле слушалки, па сметаат дека така пропуштиле дел од магијата на патувањето.

– Толку е тажно… Се возат со гондола во Венеција, а погледите им се вперени во телефоните – напиша една следбеничка, додека друг коментар гласеше:

- Advertisement -
Ad image

– Постојано со слушалки во ушите? Навистина тажно.

Имаше и такви кои ги бранеа тинејџерите, истакнувајќи дека неколку фотографии не можат да покажат како навистина го поминале целиот одмор.

 

За време на престојот во Венеција, Џенифер Лопез објави и кратко видео во кое ја оживеа легендарната сцена од спотот „Like a Virgin“ на Мадона, снимен во истиот град во 1984 година. Со пораката „I had to do it…“ пејачката им оддаде почит на една од најпознатите поп-песни во музичката историја, а видеото брзо стана вирално на социјалните мрежи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation