Пожарот во кавадаречкиот регион и натаму е активен, а неговото целосно ставање под контрола вечерва не е можно, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.
Тој посочи дека огнот зафатил претежно нискостеблеста вегетација, а силниот пламен што повремено се појавува е последица на согорувањето на голем број ниски смреки.
– Кавадаречките пожарникари ќе продолжат со интервенцијата и во текот на ноќта, со цел да се спречи понатамошното ширење на пожарот – информира Ангелов.
На терен е и директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, кој заедно со Ангелов ги координира активностите за справување со огнената стихија.
Али повторно апелираше до граѓаните да бидат максимално внимателни и да избегнуваат какви било активности што би можеле да предизвикаат нови пожари, бидејќи високите температури и ветерот овозможуваат нивно брзо ширење.
Во гаснењето активно учествува и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој е на терен заедно со пожарникарите.
– Во гаснењето учествуваат четири пинцгауери, два унимога, камион на Шумското стопанство, два џипа и два авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, а од 18 часот во акцијата се вклучија и два хеликоптери на Министерството за внатрешни работи и Армијата – објави Јанчев на Фејсбук.
Надлежните институции и натаму ја следат состојбата на терен и најавуваат дека интервенцијата ќе продолжи сè додека пожарот не биде целосно локализиран.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
