Background

БЕЛАТА ПЕНА НЕ ГО ЗАГАДИЛА ВАРДАР

Белата пена што беше испуштена во вардар минатата недела не ја загадила реката, информира Државниот инспекторат за животна средина.
„Во врска со регистрираната појава на бела отпадна пена во реката Вардар кај вливот на реката Лепенец на 24 јули 2026 година, Државниот инспекторат за животна средина, во координација со сите надлежни институции, веднаш презеде серија вонредни теренски и лабораториски активности. Инспекторите на ДИЖС спроведоа вонредни инспекциски надзори кај индустриските субјекти во зоната кои се под државна надлежност. При надзорите не беа евидентирани законски нерегуларности, односно субјектите постапувале согласно пропишаните услови во еколошките дозволи за управување со отпадните води“, соопшти Инспекторатот.Важно е да се напомене, се додава во соопштението, дека квалитетот на водите во овој појас е под влијание на повеќе различни фактори, вклучувајќи ги комуналните и атмосферските води, како и активноста на бројните деловни субјекти во околината, поради што сите надлежни органи дејствуваат координирано.

„Со цел прецизно утврдување на состојбата, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје зема мостри од водата на спорната локација и до Министерството за животна средина и просторно планирање го достави прелиминарниот извештај од 29 јули, според кој анализираните физичко-хемиски параметри на примерокот не ги надминуваат граничните вредности за испуштање во површински води. Дополнително, по барање на ДИЖС, и акредитирана лаборатирија зеде мостри, чиј финализиран извештај ќе биде доставен до Инспекторатот и до Министерството за животна средина во вторник, 4 август 2026 година, по што јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана за конечните резултати“, се вели во соопштението.

ДИЖС и понатаму ќе дејствува бескомпромисно преку редовни и вонредни надзори, со цел да се обезбеди целосна заштита на животната средина и здравјето на граѓаните, додава Инспектторатот за животната средина.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation