СДСМ: Мицкоски пак го копира Вучиќ – сè е copy-paste, само со неколку дена задоцнување
Мицкоски вчера ги повика граѓаните да пријавуваат корупција и најави бесплатна линија.
Ова е директна копија на кампањата што токму сега се води во Србија.
СДСМ уште претходно најави дека Мицкоски, по углед на постариот брат од сестринската партија, ќе ја препише и оваа мерка.
Сè е copy-paste. Само со неколку дена задоцнување.
Во Србија половина од граѓаните на порталот за пријава го пријавија токму Вучиќ.
Мицкоски не мора да се замара.
Линијата за пријава кај нас е веќе отворена – веќе шест месеци стои на веб-адресата
Micko.mk.
Да го известиме дека и него веќе го пријави половина Македонија.
Него и неговите соработници од организираната криминална група ВМРО.
Единствен проблем е што, исто како Вучиќ во Србија, Мицкоски го приватизираше Обвинителството.
На Обвинителот му се јавува на телефон, му се даваат задачи од собраниската говорница или преку медиумите.
Затоа се катастрофални извештаите на Европската комисија за судството, каде се констатира, мешање во судството и обвинителството, отсуство на реформи, широко распространета корупција и проблематични јавни набавки.
Дополнително, доаѓа и медиумскиот мрак, по истиот рецепт.
Групата „Ало“, поврзана со „Информер“ и другите провладини медиуми од Србија, пристигнува во Скопје.
По веќе воспоставената медиумска мрежа на над 40 % од Орбановите медиуми, сега следува уште поголема концентрација на медиумско влијание.
Тандемот Латас – Ивона Талевска е задолжен да го изгаси медиумското светло во име и за сметка на Мицкоски.
Мицкоски, ова веќе е премногу. Копирањето на Вучиќ станува смешно