Background

Руските власти велат дека собориле најголем дел од нив

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин денеска објави дека руската престолнина во текот на ноќта била цел на напад со повеќе од 390 украински дронови, а гувернерот на регионот изјави дека во нападите биле оштетени и станбени згради.

„Повеќе од 390 дронови се упатија кон Московскиот регион, но повеќето од нив беа неутрализирани многу пред да стигнат до градот“ – напиша Собјанин на апликацијата Телеграм, прецизирајќи дека „81 непријателски дрон биле уништени на пристапот кон Москва“.

Гувернерот на Московскиот регион, Андреј Воробјов, напиша на Телеграм за штетата на една станбена зграда и неколку куќи, наведувајќи дека засега нема информации за жртви.

- Advertisement -
Ad image

Руското Министерство за одбрана објави дека во над петнаесет региони, вклучувајќи ја и Москва, 356 украински дронови биле неутрализирани во период од тринаесет часа, од синоќа до утрово.

Разликата во наведениот број на беспилотни летала не е објаснета, пишуваат француските медиуми.

Украинските медиуми, повикувајќи се на воени блогери, пишуваат дека фабриката за челик „Хидросталконструкција“ во Чехов во Московскиот регион наводно била погодена во нападите.

„Киев Индепендент“ пишува дека бил погоден и магацин во Коледин, град на 20 километри јужно од Москва, како и дека порано во текот на ноќта била погодена и трафостаница во Феодосија, град во анексираниот Крим.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation