Силно невреме попладнево ја зафати северна Грција, носејќи поројни врнежи од дожд, силни грмежи и ветрови со голема јачина. Бурата предизвика сериозни проблеми во повеќе региони – откорнати се покриви, паднати се дрвја, поплавени се патишта, а градот уништил земјоделски посеви.
Според грчките медиуми, меѓу најпогодените области се Агринио, Фтиотида, Солун, Закинтос, Драма, Халкидики и Волос, каде жителите се соочиле со интензивни временски појави.
Пред невремето, грчките власти издадоа итно предупредување за опасни временски услови, а Цивилната заштита го активираше системот за итни известувања 112, преку кој граѓаните и туристите добија предупредувачки СМС-пораки.
Посебна паника предизвикало појавувањето на торнада во близина на плажите на Халкидики. Капачите на плажата Псарудија биле исплашени откако забележале торнадо како се приближува кон брегот.
Слични појави биле забележани и на други плажи на краците на Халкидики.
На социјалните мрежи се појавија и снимки од силни вртлози во морето во заливот меѓу Ситонија и Света Гора.
Жителите на Закинтос се соочиле со обилни врнежи од дожд и поплавени улици, додека во Драма, според видеата објавени во медиумите, паѓал густ град кој предизвикал штети.
Во Солун, временската состојба нагло се влошила – силен ветер и пороен дожд ги принудиле граѓаните и туристите да побараат засолниште.
Најсериозни материјални штети се регистрирани во неколку делови од префектурата Фтиотида.
Во градот Макракоми силниот ветер го откорнал покривот на зградата на Сојузот на земјоделски задруги. Металната конструкција била фрлена на спротивната страна од улицата, во близина на супермаркет.
Според очевидци, покривот бил однесен околу 100 метри од силниот ветер, а метални лимови летале низ воздухот и паднале во близина на продавници, создавајќи опасност за пешаците и возачите.
Засега нема информации за сериозно повредени лица, но надлежните служби продолжуваат со проценка на штетите.
Tagged as:
ГРАД И БУРИ ГО ПОГОДИЈА СЕВЕРОТ НА ГРЦИЈА ТОРНАДА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
