Background

Македонка е уапсена во Црна Гора откако било пријавено дека со автомобил прегазила куче во населба во Улцињ, а потоа се обидела да ја напушти земјата

Македонка е уапсена во Црна Гора откако било пријавено дека со автомобил прегазила куче во населба во Улцињ, а потоа се обидела да ја напушти земјата, пренесуваат црногорските медиуми.

Според неофицијални информации, жената по инцидентот се упатила кон граница, но полицијата успеала да ја спречи и да ја приведе.

Од Полициската управа на Црна Гора информирале дека околу 16 часот добиле пријава дека едно лице со возило прегазило куче кое било во сопственост на граѓанин.

- Advertisement -
Ad image

Полициските службеници од Улцињ брзо го пронашле возилото и го идентификувале лицето кое управувало со него – државјанка на Македонија, која била спроведена во просториите на Одделението за безбедност во Улцињ.

Според полицијата, жената се обидела да ја напушти Црна Гора, но била спречена. За случајот е известено Основното државно обвинителство, кое треба да се произнесе за понатамошната постапка.

По инцидентот, на социјалните мрежи беше објавено видео на кое, според објавите, се гледа како автомобил прегазува шарпланинско куче, додека зад возилото се наоѓа уште едно мртво куче.

Според неофицијални информации, станува збор за куче на жената која е уапсена, кое претходно било нападнато и усмртено од шарпланинецот.

Невладината организација „Пријатели на животните“ побара итна реакција од надлежните институции и сторителот да биде гонет согласно Законот за благосостојба и заштита на животните.

„Без разлика дали сторителите на вакви и слични кривични дела против животните се државјани на Црна Гора или странски државјани, сите мора да сносат еднаква одговорност за стореното неправо“, порачаа од организацијата.

Оттаму додаваат дека очекуваат институциите професионално да ја завршат постапката и сторителот да ја добие соодветната казна.

Вознемирувачкото видео можете да го погледнете тука.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation