Унгарскиот премиер Петар Маѓар соопшти дека Министерството за економија и енергетика поднело кривични пријави за четири случаи поврзани со „Ексимбанк“ поради сомнежи за злоупотреба на службената положба, несовесно работење и други можни кривични дела. Меѓу нив е и кредитот од една милијарда евра што претходната влада на Виктор Орбан ѝ го одобри на Македонија, пренесува „Ројтерс“.
Маѓар, кој по априлските избори ја презеде власта по 16-годишното владеење на Виктор Орбан, најави борба против корупцијата и преиспитување на работењето на претходната влада. Тој изјави дека заемот за Македонија, одобрен со каматна стапка од 3,25 проценти и целосно обезбеден со државна гаранција, е една од неколкуте трансакции на „Ексимбанк“ што во моментов се предмет на проверка.
Според него, постои сомнеж дека средствата наменети за поддршка на унгарските компании биле искористени за зајакнување на политички сојузник во странство и можеби за фаворизирање компании блиски до претходната власт.
„Владата не сака и нема однапред да донесе пресуда во овие случаи, но ќе ја обезбеди сета потребна поддршка за да се утврди дали се сторени кривични дела“, изјави Маѓар.
Во меѓувреме, унгарската влада до парламентот достави предлог-закон за формирање канцеларија за борба против корупцијата, а Европската комисија објави дека Унгарија ќе се приклучи на Канцеларијата на европскиот јавен обвинител.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
