Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини е пуштен од притвор, откако приложил гаранција над милион евра.
„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната на осомничениот М.С., поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, донесе решение со кое ја прифати понудената гаранција во износ од над 1.150.000 евра, која се состои од засновање хипотека врз недвижен имот и ја укина мерката притвор. Истовремено, заради обезбедување на присуството на осомничениот во понатамошниот тек на постапката, Судот определи мерка на претпазливост – одземање на патната исправа“, соопшти Кривичниот суд.
По предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, додава Судот, на 24.4.2026 година на осомничениот му беше определена мерка притвор во траење од 30 дена, поради опасност од бегство и опасност дека ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоци.
„Мерката притвор подоцна беше продолжена со решение на Кривичниот совет, а поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело Проневера во службата, од член 354 став 3 од Кривичниот законик. По поднесениот предлог за укинување на мерката притвор со определување гаранција и добиено позитивно мислење од Јавниот обвинител, судијата на претходна постапка донесе решение со кое го уважи предлогот и ја прифати понудената гаранција, а со оглед дека против решението не беше изјавена жалба, истото стана правосилно, по што осомничениот е пуштен да се брани од слобода“, соопшти Кривичниот суд.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
