„Титаник“ е еден од најуспешните филмови на сите времиња, но има приказна зад сцената, којашто е мистерија и речиси 30 години подоцна.
Имено, на снимањето во 1996 година, повеќе од 60 членови на филмската екипа завршија во болница откако внеле храна контаминирана со ПЦП – моќна халуциногена дрога.
Били Зејн, кој го играше Кал Хокли во филмот, првпат јавно проговори за еден од најбизарните инциденти во Холивуд. Во гостувањето во поткастот „Братска љубов“ (Brotherly Love), тој потврди дека настанот навистина се случил, но во тоа време тој не бил на снимањето и нагласи дека не сака да претпоставува за тоа кој е одговорен за инцидентот. Тој ден, освен него, на снимањето не биле ниту Кејт Винслет, Леонардо Дикаприо и Глорија Стјуарт и затоа не јаделе од контаминираниот оброк.
– Не можам ни да потврдам, ниту да негирам каква било теорија. Не бев таму. Сè се случи за време на снимањето на сцените што се одвиваа во сегашноста – вели глумецот.
Тој додаде дека неговите колеги подоцна му кажале дека оние кои први ги препознале ефектите од дрогата се обиделе да останат смирени, додека други биле целосно преплашени. Сѐ тоа се случило последните денови од снимањето во Нова Шкотска.
Режисерот Џејмс Камерон првично помислил дека станува збор за труење со храна, но сцената што го пречекала по враќањето на снимањето била поинаква и – „незаборавна“.
– Собата беше целосно празна. Стоев до камерата и мониторот, а таму немаше никој. Беше како во „Зоната на самракот“ – се присети режисерот во претходно интервју.
И глумецот Бил Пакстон ја опиша атмосферата како целосен хаос.
– Некои се смееја, некои плачеа, некои повраќаа. Во еден миг се чувствував добро, а следниот бев толку вознемирен што морав да дишам во хартиена ќеса – рече тој.
Според сведоштвата на членовите на екипажот, некои луѓе под дејство на халуциногените танцувале по ходниците и се возеле во ортопедските колички во болницата, додека лекарите се обидувале да утврдат што навистина се случило.
Токсиколошките анализи подоцна покажале дека во храната имало ПЦП, но полициската истрага, којашто траела две и пол години, никогаш не утврдила кој е одговорен. И покрај бројните теории, овој случај сè уште е еден од најнеобичните нерешени случаи во историјата на Холивуд.
Tagged as:
КОЈ ГИ ДРОГИРАШЕ АКТЕРИТЕ И ЕКИПАТА НА „ТИТАНИК“ ВО 1996-ТАТА?
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
