Background

(Галерија) Отпад Охрид слави 30 години доверба, и најавува нов почеток со Nest ресорт

Триесет години. Толку долго компанијата „ Отпад “  Охрид гради имиџ на сериозен, доверлив и препознатлив партнер во регионот и светот. Во изминативе три децении, компанијата израсна во еден од лидерите на македонското стопанство во делот на собирање, откуп и рециклажа на отпад, градејќи цврст систем на работење, доверба кај своите партнери и препознатлива општествена одговорност кон зачувување на животната средина.

Токму таа стабилност, стекната низ години сериозна работа, денес и е темел компанијата да чекори кон сосема нова глава од својата приказна. Отпад Охрид со гордост го претставува новиот „ Nest ресорт “, проект кој ги обединува искуството, стручноста и визијата стекнати во изминатите 30 години, во еден современ и препознатлив концепт.

Станува збор за отворање елитен туристички комплекс, авто камп со футуристички изглед, единствен на овие простори на Балканот. Комплексот е замислен како простор каде природата и модерната архитектура се преплетуваат во целина, со дизајнерски капсули сместени меѓу вековни борови, елегантен базен, уредени патеки и простор за релаксација, наменет за гости кои бараат необичен, луксузен и автентичен начин на одмор, различен од сè што досега постоело во регионот.

- Advertisement -
Ad image

Јубилејот доаѓа во вистинско време, бидејќи компанијата не само што го одбележува своето значајно минато, туку истовремено ја отвора и оваа нова страница. Настанот ќе се одржи денес , среда, , 29 јули, во периодот од 19:30 до 20:00 часот, на улица Васил Стефоски, во населба Далјан, Охрид. Присутните ќе имаат можност да бидат дел од двојната прослава, јубилејот на компанијата и официјалното претставување на „Nest ресорт“, во елегантна атмосфера каде традицијата и иновацијата се среќаваат на едно место.

„Отпад“ Охрид со право може да се пофали со три децении довербa од своите клиенти, соработници и партнери, стекната преку сериозен и одговорен пристап кон дејноста со отпад. Токму таа доверба е темелот врз кој денес се гради и новиот проект, „Nest ресорт“, замислен како простор кој ги следи највисоките стандарди на квалитет и услуга, препознатливи за брендот „Отпад“ Охрид.

Компанијата ги повикува сите свои гости, пријатели и соработници да бидат дел од овој значаен настан, и заедно да ја одбележат средбата на богатото минато со новиот, футуристички почеток кој допрва доаѓа.

Охридскај

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖