Лионел Меси и неговите соиграчи го имаа можеби најлошото издание на Мундијалот во синоќешното финале и по поразот својот револт поради изгубената титула го покажаа со боксови.
Откако судијата Славко Винчиќ свирна крај на натпреварот, почна вербален конфликт меѓу капитенот на Шпанија Родри и Аргентинецот Науел Молина. По кратката расправија и меѓусебното туркање се гледа како Родри паѓа на земја, додека Молина замавнува кон него.
Во инцидентот беше вклучен и Леандро Паредес, кој го зграпчи за врат шпанскиот играч Ерик Гарсија, а потоа го нападна Гави.
Иако натпреварот беше завршен Паредес доби црвен картон за неспортско однесување и ќе биде казнет од ФИФА.
Срамното однесување на Аргентинците продолжи и во текот на церемонијата на доделување на медалите. Тие им свртеа грб на шпанските фудбалери во моментот кога го креваа пехарот и ја славеа победата.
Меси покажа неспортско однесување и кога пред крајот на натпреварот, Шпанецот Кубаси лежеше на тревата по повреда. Кукуреља му се приближи на Меси и ја прекри устата со рака за да му покаже дека на Кубаси му е повредена устата. Меси истрчаа до судиите и проба да им влијае да му дадат црвен картон на Кукуреља зашто прекривање на устата е на листата прекршоци кои се казнуваат со црвен картон. Судијата не го санкционираше Кукуреља, а Меси стана цел на потсмев.
„Дури и кралот на фудбалот покажа подли движења – ова воопшто не му прилега“, пишуваа фанови на Твитер.
И поранешниот британски фудбалер Вејн Руни го осуди неспортскиот потег на Меси.
– Потег направен од очај. Но, Аргентина така игра, знаеме дека го прави тоа. Сите сакаме спортско однесување. Беше тажно да се види Лионел Меси како го прави тоа – рече Руни.
Tagged as:
а потоа им свртеа грб на победниците По свирежот за крај се степаа
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
