Македонија се вклучува во Вертикалниот гасен коридор, а прв потег кон тоа е учеството на Номагас во работните разговори на операторите на системите за пренос на природен гас, одржани на 10 јули во Атина, со што Западен Балкан се вклучува во понатамошниот развој на Иницијативата.
Во разговорите учествуваа DESFA од Грција, Bulgartransgaz од Бугарија, Transgaz од Романија, Vestmoldtransgaz од Молдавија, FGSZ од Унгарија, EUSTREAM од Словачка,Transportgas Srbija и GTSOU од Украина, како и независните оператори Gastrade и ICGB.
Како што соопштија од Номагас, во следната фаза од процесот на припојување на Западен Балкан кон Вертикалниот гасен коридор ќе се разгледуваат расположливите капацитети на поврзаните системи, точките на интерконекција, планираните инфраструктурни проекти и роковите за нивна реализација.
„За таа цел, учесниците се договорија да формираат заедничка техничка и комерцијална работна група, која ќе ја координира техничката процена на проширувањето и ќе ја подготви измената и проширувањето на Меморандумот за разбирање“, наведоа од Номагас.
Овој чекор создава основа процесот да премине од координација кон конкретна подготовка за реализација.
Операторите ја потврдија својата посветеност да продолжат со координација на техничко и оперативно ниво, со цел проширувањето на Вертикалниот коридор да се реализира навремено и да се зајакне неговата улога како сигурна и конкурентна енергетска артерија за Југоисточна и Централна Европа и за Западен Балкан.
Вертикалниот коридор се развива во интегрирана регионална платформа за енергетска соработка, а не претставува еден посебен гасовод. Тој ги поврзува постојните и новите национални системи, интерконектори, терминали и прекугранични точки, со цел да се зајакнат сигурноста на снабдувањето, диверзификацијата на изворите и транспортните правци, отпорноста на енергетската инфраструктура и интеграцијата на пазарите на гас во Југоисточна и Централна Европа, вклучително и во Западен Балкан.
За Македонија, проширувањето на Вертикалниот коридор е непосредно поврзано со развојот на интерконекторот со Грција и со подготовките за интерконекторот со Србија. Овие проекти треба да овозможат поврзување со поширок круг извори, снабдувачи и транспортни правци и да ја намалат зависноста од една влезна точка.
Tagged as:
Македонија се вклучува во Вертикалниот гасен коридор
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
