Претседателот на САД, Доналд Трамп повика на итни мерки по насилните протести што ја зафатија Франција за време на викендот.
„Франција гори! Имиграцијата на луѓе од сосема поинаков свет, луѓе со омраза во нивните срца, ја уништи таа некогаш голема земја. Затворете ги вашите граници и преземете контрола, пред да биде премногу доцна“, напиша Трамп на социјалната мрежа Трут соушл.
Неговата реакција дојде откако протестите против високите трошоци за живот и лошата состојба на јавните услуги, на кои излегоа над половина милион граѓани низ цела Франција, се претворија во насилни немири во неколку француски градови.
Францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе се обрати до нацијата вечерва во 20 часот поради ескалацијата на насилството. Тој ќе одржи итен состанок со највисоките владини претставници пред обраќањето. Макрон веќе го осуди насилството на протестите во саботата и рече дека одговорните ќе бидат казнети.
По најавата за обраќањето на Макрон, во Париз попладневно граѓаните пак почнаа да се собираат на улиците.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
