Background

Српската министерка за државна администрација и локална самоуправа, Снежана Пауновиќ, доби трајна забрана за влез во Косово поради изјава во која рече дека, доколку била на местото на Слободан Милошевиќ во 1998 година, би спровела „етничко чистење“ на Косово

Српската министерка за државна администрација и локална самоуправа, Снежана Пауновиќ, доби трајна забрана за влез во Косово поради изјава во која рече дека, доколку била на местото на Слободан Милошевиќ во 1998 година, би спровела „етничко чистење“ на Косово.

Одлуката ја соопшти косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла, кој потврди дека ја потпишал и ја проследил до надлежните институции.

– Како министер за внатрешни работи на Косово, донесов одлука со која Снежана Пауновиќ се прогласува за непожелна личност, со трајна забрана за влез или премин низ Република Косово – објави Свечла.

- Advertisement -
Ad image

Тој оцени дека ваквата реторика претставува продолжение на политики кои во минатото произведувале насилство и обиди за протерување на Албанците.

– Времето кога Албанците беа угнетувани, масакрирани и етнички чистени е засекогаш завршено – порача Свечла.

Спорната изјава предизвика бурни реакции

Контроверзите почнаа по телевизиско интервју во Србија, во кое Пауновиќ говореше за косовското прашање.

– Да бев на местото на Милошевиќ во 1998 година, етнички ќе го исчистев Косово. Тоа е најсуровата квалификација што некогаш сум ја изговорила. Не на начин на кој сакаат да нè ликвидираат, туку така што нема да се чувствуваат како дел од Србија и да заминат во својата матична земја – изјавила Пауновиќ.

Изјавата предизвика реакции и во Брисел.

Портпаролката на Европската комисија, Анита Хипер, порача дека Европската Унија нема да коментира поединечни политички настапи, но го повтори принципиелниот став на Унијата.

– Во Европа нема место за реторика што оправдува и заговара етничко чистење – изјави Хипер.

Пауновиќ тврди дека била погрешно разбрана

По бранот критики, српската министерка соопшти дека нејзините зборови биле извадени од контекст.

Таа тврдеше дека давала политичка анализа, а не повик за насилство.

Сепак, во истото објаснување порача дека останува на ставот што го изнела во интервјуто.

Слободан Милошевиќ беше претседател на Србија за време на конфликтот во Косово. Тој почина во 2006 година во притвор во Хаг, додека му се судеше за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation