Background

Триколорите не можат да се соземат по поразот од Црвената фурија!

Шок, разочарување и жестоки критики кон судијата стигнуваат од Париз по поразот од Шпанија во полуфиналето на Светското првенство. Додека „црвената фурија“ го славеше пласманот во финалето со победа од 2:0, во францускиот табор вниманието се префрли кон пеналот што го отвори резултатот.

Според француските забелешки, Ламин Јамал играл со рака непосредно пред контактот со Лукас Дињ, по што судијата Иван Бартон покажал на белата точка.

Контактот се случи кога Дињ се обиде да ја исчисти топката, но наместо неа го удри Јамал во ногата. Арбитарот веднаш досуди пенал, а одлуката остана на сила и по кратката ВАР-проверка.

- Advertisement -
Ad image

Француските медиуми и дел од јавноста сметаат дека ситуацијата заслужувала подетална анализа. Тие тврдат дека шпанскиот напаѓач претходно играл со рака, додека други посочуваат дека Дињ не можел да го види бидејќи Јамал му пришол од зад грб.

 

 

Дешамп го отвори прашањето за судијата

По натпреварот најгласен беше селекторот Дидие Дешамп, кој не го криеше незадоволството од арбитражата.

– Ќе поставам едно директно прашање и нема да го одговорам. Дали овој судија воопшто е на нивото кое се бара за да суди полуфинале на Светско првенство? – изјави Дешамп.

Францускиот селектор додаде дека не бара изговор за поразот, но смета дека имало неколку спорни одлуки кои премногу лесно биле донесени во корист на Шпанија.

Сепак, и покрај критиките, дел од аналитичарите оценуваат дека пеналот бил во согласност со правилата и дека контактот меѓу Дињ и Јамал бил доволен за најстрогата казна.

Крај на една ера за Франција

Поразот од Шпанија означи и крај на долгата селекторска ера на Дешамп. Францускиот стратег потврди дека по завршувањето на турнирот ќе ја напушти функцијата што ја извршуваше повеќе од една деценија.

Во моментите на разочарување, сепак, призна дека Шпанија била подобриот тим.

– Играчите се уништени. Имавме големи амбиции, но мора да признаеме дека Шпанија беше подобра. Нè надигра и целосно ја контролираше играта – рече Дешамп.

„Победуваме заедно, губиме заедно“

Франција, која до полуфиналето постигна 16 голови и важеше за еден од главните фаворити за титулата, тешко успеваше да создаде опасност пред шпанскиот гол. Килијан Мбапе беше отсечен од играта, а средниот ред не успеа да воспостави контрола врз натпреварот.

По елиминацијата, француската федерација испрати порака за заедништво и фокус кон последниот предизвик на турнирот.

„Победуваме заедно, губиме заедно. На Сините им останува уште една битка за да го завршат ова Светско првенство на подиумот“, објави федерацијата.

Французите в сабота, 18 јули, ќе играат за третото место, додека Шпанија ќе го чека победникот од полуфиналната пресметка меѓу Аргентина и Англија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation