Фотографиите на Бред Пит (62) и неговата девојка Инес де Рамон (33) направени пред свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси ги сподели фризерката Лори Занолети, која работела на изгледот на двојката за свечениот настан. На нив, Пит и де Рамон позираат прегрнати и насмеани, облечени во елегантни црни комбинации.
– Моите омилени вљубени, Инес де Рамон и Бред Пит, за еден неверојатен момент во Њујорк – напиша Занолети покрај фотографиите.
Инес подоцна ги сподели снимките и на своите приказни на Инстаграм, придружувајќи ги со песната „Лавер“ на Тејлор Свифт и емотикон со црвено срце. Сепак, фотографиите сè уште не се објавени како пост на нејзиниот профил.
Двојката, која е во врска од 2022 година на фотографиите изгледа многу вљубено. За свеченоста, Пит избра класичен црн костум со машна, додека Инес носеше впечатлив црн фустан од тантела со проѕирни детали.
По свадбата тие беа забележани како го напуштаат настанот во друштво на музичарот Бек.
Во меѓувреме, медиумите објавија дека и покрај сериозната врска, Бред Пит засега нема планови повторно да се ожени. Извор близок до актерот изјавил дека неговото семејство ја обожава Инес и одамна ја прифатило како дел од семејството.
– Сите ја сакаат и од првиот ден ја пречекаа со раширени раце. Но, Бред нема намера повторно да стапува во брак – изјавил изворот.
Сепак, Инес развила блиски односи со братот, сестрата, внуците и поширокото семејство на актерот и редовно присуствува на семејни собири.
Пит официјално го финализираше разводот од Анџелина Џоли во декември 2024 година, десет години по нивната венчавка. Претходно беше во брак и со актерката Џенифер Анистон од 2000 до 2005 година.
Инес де Рамон, пак, беше во брак со актерот Пол Весли, познат по серијата „Vampire Diaries“, но се разделија во 2022 година.
Во последните недели американските медиуми пишуваат и за затегнатите односи меѓу Пит и дел од неговите деца со Анџелина Џоли. Според нив, пет од шесте деца на поранешната двојка го отфрлија презимето Пит.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
