Background

Заврши последниот танц на легендата без светската титула

Елиминацијата на Португалија од Шпанија не значеше само крај на уште едно Светско првенство за Португалците. Таа означи и крај на една од најголемите кариери во историјата на светскиот фудбал. Со солзи во очите, Кристијано Роналдо го одигра својот последен натпревар на Мундијалите, оставајќи зад себе рекорди што тешко ќе бидат надминати, но и една голема неостварена желба – светската титула.

За да бидеш дел од вечната дебата за најдобриот фудбалер на сите времиња, многумина велат дека мора да ја освоиш и титулата светски шампион со својата репрезентација. Тоа им успеа на Пеле, Диего Марадона и Лионел Меси, но не и на Роналдо.

Иако направи сè за да настапи и на својот шести Мундијал, надевајќи се дека токму ова ќе биде неговиот „последен танц“ и патот до најголемиот трофеј, Португалија застана во осминафиналето. По последниот судиски свиреж, камерите го уловија 41-годишниот капитен како не може да ги задржи солзите, свесен дека повеќе никогаш нема да има можност да го исполни својот најголем сон.

- Advertisement -
Ad image

Пред точно две децении Роналдо првпат настапи на Светско првенство. Во следните 20 години одигра дури шест Мундијали и испиша историја како првиот и засега единствен фудбалер што постигнал гол на шест различни светски шампионати.

 

 

Иако трофејот остана недостижен, неговото наследство е неспорно.

– Тажен сум поради начинот на кој испаднавме. Дадов сè од себе и си заминувам со мирна совест. Имаше многу емоции, но немам за што да жалам. Да се игра за репрезентацијата беше посебно чувство. Тоа беа 23 години исполнети со гордост и незаборавни моменти – изјави Роналдо по натпреварот.

Тој потсети дека со Португалија освои три големи трофеи, нешто што генерациите пред него не успеале да го направат.

– Пред Роналдо, Португалија немаше освоено ниту една титула. Најголемиот успех за мене останува европската титула во 2016 година. Тој трофеј има иста тежина како да сум освоил Светско првенство. Заминувањето без светската титула нема да ме направи помалку Кристијано. Утре е нов ден, а животот продолжува – порача легендарниот напаѓач.

Неколку часа пред натпреварот против Шпанија, Роналдо уште еднаш зборуваше за критиките што го следат речиси целата кариера.

– Ништо не ми недостасува во животот. Бог беше дарежлив кон мене и ми даде повеќе отколку што некогаш сум сонувал. Затоа денес само сакам да уживам во секој момент. Нема да бидам поголем Кристијано ако го освојам Светското првенство, ниту помал ако не успеам. Научив дека треба да уживаме во животот и да не размислуваме постојано за утрешниот ден. Ги гледам сите критики, но тие само ме прават посилен. Ви благодарам за нив, затоа што токму така растам – рече Роналдо.

Иако никогаш не ја подигна најпосакуваната фудбалска титула, неговото име останува испишано со златни букви во историјата. За милиони навивачи ширум светот, Кристијано Роналдо ќе остане симбол на истрајност, дисциплина и бескомпромисна желба за победа – фудбалер кој освои речиси сè, освен единствениот трофеј што најмногу го посакуваше.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation