Земјите-членки на Европска Унија денеска едногласно се согласија за отворање на уште еден кластер од претпристапните преговори со Украина и со Молдавија.
Официјалното отворање ќе биде на Меѓувладина конференција на 14 јули.
Договорот e постигнат за отворање на Групата 6 – Надворешни односи, која ги вклучува Поглавјето 30 (Надворешни економски односи) и Поглавјето 31 (Надворешна, безбедносна и одбранбена политика).
Oва следи откако Украина и Молдавија официјално ги почнуваа преговорите за членство во ЕУ на 15 јуни со отворањето на Групата 1 – Основи.
Унгарија и поранешниот премиер Виктор Орбан со години го блокираа процесот на пристапување на Украина поради спор околу третманот на унгарското малцинство во западна Украина. Промената во ставот на Будимпешта дојде по изборната победа на Петер Маѓар, чија влада соработуваше со Киев за решавање на спорното прашање, што резултираше со отворање на првиот преговарачки кластер.
Европската комисија и Украина сакаат да ги отворат сите преостанати кластери пред летната пауза, за да покажат подготвеност за побрз напредок во процесот на пристапување, но Унгарија останува против отворање на 5 кластери во толку краток временски период.
Ирското претседателство со Советот на ЕУ, што почна на 1 јули, зазеде прагматичен пристап, предлагајќи постепено отворање на кластерите.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
