Background

Руските фарсери Вован и Лексус, познати по телефонските измами со политичари и јавни личности ширум светот, објавија видео во кое тврдат дека разговарале со Танос Докос, советникот за национална безбедност на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис

Руските фарсери Вован и Лексус, познати по телефонските измами со политичари и јавни личности ширум светот, објавија видео во кое тврдат дека разговарале со Танос Докос, советникот за национална безбедност на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Во разговорот, кој засега нема официјална потврда за автентичноста, Докос наводно открива дека во следните месеци во Грција ќе се одржат избори и коментира чувствителни безбедносни прашања поврзани со Украина.

Видеото беше објавено вчера на платформата „Рамбл“ и трае речиси 12 минути. Еден од двајцата руски комичари се претставува како претставник на кабинетот на украинскиот претседател, а главна тема е украинскиот поморски дрон што неодамна беше откриен во Јонското Море, во близина на Лефкада.

„Нови украински операции? Страшно!“

- Advertisement -
Ad image

Според снимката, Докос вели дека е неопходно да постојат отворени канали на комуникација меѓу Атина и Киев. Тој открива и дека ден претходно во украинската престолнина престојувал директорот на грчката Национална служба за разузнавање.

 

 

Во текот на разговорот, Вован и Лексус му сугерираат дека во украинскиот државен врв постојат несогласувања околу можноста за нови операции во грчкиот поморски простор.

– Тоа е малку страшно – вели Докос во видеото, објаснувајќи дека станува збор за туристичка сезона и период со интензивен бродски сообраќај.

Најголемо внимание во грчките медиуми предизвика делот во кој советникот наводно зборува за политичките последици од евентуален нов инцидент.

– Имајте на ум дека ќе имаме избори следните месеци и еден таков инцидент би предизвикал значајни проблеми за грчката Влада – вели Докос во објавената снимка.

Оставката, единствен излез

Засега нема официјална реакција од грчката Влада. Опозициската ПАСОК побара објаснување дали видеото е автентично и зошто Владата не излегува со официјален став. Од партијата сметаат дека случајот отвора сериозни прашања за безбедноста и за начинот на комуникација на највисоките државни функционери.

– Оставката на Докос е единствениот излез – порачаа од ПАСОК.

Според опозицијата, советникот на премиерот во разговорот изнесува процени за изборите во Грција и информации поврзани со посетата на директорот на Националната служба за разузнавање во Киев.

Од Заев до Мелони, долгата листа на жртви

Владимир Кузнецов, познат како Вован, и Алексеј Стољаров, познат како Лексус, со години се претставуваат како светски лидери, министри или високи функционери за да извлечат информации од политичари и јавни личности.

Во јули 2019 година тие телефонски разговараа со тогашниот македонски премиер Зоран Заев, претставувајќи се како тогашниот украински претседател Петро Порошенко и како генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Заев подоцна потврди дека бил жртва на телефонската измама.

На нивната листа се најдоа и британскиот принц Хари, поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, италијанската премиерка Џорџа Мелони, како и низа европски и светски политичари, најчесто преку лажно претставување како украински функционери или блиски соработници на светски лидери.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation