Background

Милошоски го повика СДСМ да не ги блокира законите од Реформската агенда

Според последните анализи на Европската комисија, уште еднаш се потврдува дека Македонија заедно со Албанија и со Црна Гора во нашиот регион е признаена како фронтранер во однос на постигнатите реформи согласно Реформската агенда – оцени Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

– Според правилата на планот за раст на Европската комисија, финансиската поддршка којашто се насочува кон земјите кандидати е условена од степенот на постигнати реформи и тука Албанија, Македонија и Црна Гора се оценети со највисока оценка за разлика од други земји кандидати во регионот.

Оваа потврда од Европската комисија дека Македонија ги спроведува обврските од Реформската агенда, односно дека има значителен напредок е силна потврда, но исто така и мотивација за македонската Влада и за парламентарното мнозинство да продолжиме со ова темпо.

- Advertisement -
Ad image

Како држава ја поздравуваме оценката на Европската комисија, како и нивниот план за реалокација на средства од Планот за раст, при што од оние земји коишто постигнале послаби реформи би се одзеле одреден дел на средства и истите би се алоцирале кон Албанија, Македонија и Црна Гора како земји коишто предничат во спроведувањето на реформите согласно Реформската агенда.

Со овие проценки на Европската комисија, за жал на Венко Филипче, се растура нивната манипулација дека Македонија заостанува во реформите, но оваа проценка од Европската комисија ни дава за право да упатиме еден апел до претседателот на СДСМ, Филипче, доколку Европската комисија ги препознава реформите коишто Македонија ги има постигнато, тогаш барем тој како претседател на оваа опозициска партија да не ги попречува законите коишто се дел од обврските во Реформската агенда, исто како и Изборниот законик и да биде прагматичен во интерес на државата, да дозволи и овој закон да биде изгласан и со тоа Македонија да си го зацврсти и својот углед во Брисел пред Европската комисија и да си овозможи добивање на поголем дел на средства од Планот за раст – рече Милошоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation