Background

Продолжува трендот на намалување на бројот на работници во индустријата

Продолжува трендот на намалува не бројот на работници во индустријата. Во мај на годишно ниво регистрирано е намалување од  2,6%. Сам по себе овој  процент и така не е висок, но загрижува податокот дека речиси да нема индустриски сектор во кој нема намален број на работници.

Бројот на работници опаѓа и кумулативно од јануари завршно со мај период во кој падот е од 3%.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека најголемо намалување на бројот на работници има во рударството  од 7,3%, но многу позначајно е тоа што во преработувачката индустрија во која збирно падот на бројот на работници е од 2,5% , речиси да нема сектор во кој не е намален бројот на работници. За една година во текстилната индустрија за производство на облека на пример е забележан најголем пад на бројот на работници од 11,9%.

- Advertisement -
Ad image

Статистичките податоци покажуваат раст на бројот на вработени само во неколку сектори и тоа во индустријата за производството на прехранбени производи од 0,5%, за производство на производи од гума и пластични материјали исто така за 0,5%.

Повисок раст на бројот на работници е забележан и во индустријата за производство на пијалаци од 3,5%, за производството на тутун и тутунски производи за 16,9% како и во индустријата за производството на компјутерски, електронски и оптички производи од 13,4%.

Раст од 1% на бројот на работници е забележан и во енергетскиот сектор каде што спаѓаат снабдувањето  со електрична енергија, со гас, пареа и со климатизација.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, се намалил во групите Енергија за 1,6 %, Капитални производи за 2,6 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,6 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2,7 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 0,6 %.

1. Индекси на бројот на работниците мај 2026 година, (2025 = 100)
V 2026
V 2025
I-V 2026
I-V 2025
V 2026
Ø2025
V 2026
Ø2021
Вкупно 97.4 97.0 97.7 94.7
АЕ Енергија 98.4 97.9 97.9 89.5
АИ Интермедијарни производи, освен енергија 97.3 97.2 97.5 88.7
ББ Капитални производи 97.4 96.4 97.8 121.1
ЦД Трајни производи за широка потрошувачка 99.4 100.9 99.9 123.1
ЦН Нетрајни производи за широка потрошувачка 96.4 96.3 96.9 81.4
Б Рударство и вадење на камен 92.7 93.3 93.1 90.2
    05 Вадење на јаглен и лигнит 93.1 93.2 93.5 88.4
    07 Вадење на руди на метал 91.2 92.8 91.7 93.2
    08 Вадење на други руди и камен 97.1 95.5 97.3 87.8
В Преработувачка индустрија 97.5 97.1 97.9 95.0
    10 Производство на прехранбени производи 100.5 100.6 100.5 91.4
    11 Производство на пијалаци 103.5 103.8 102.8 118.7
    12 Производство на тутунски производи 116.9 108.9 118.3 115.0
    13 Производство на текстил 97.7 97.9 97.8 90.0
    14 Производство на облека 88.1 88.5 89.5 61.6
    15 Производство на кожа и слични производи од кожа 92.5 92.8 92.9 62.3
    16 Преработка на дрво и производи од
дрво и плута, освен мебел, производство
на предмети од слама и плетарски
материјал
92.8 88.1 93.2 70.0
    17 Производство на хартија и производи од
хартија
96.2 97.4 96.8 84.3
    18 Печатење и продукција на снимени
медиуми (записи)
97.7 97.3 97.8 83.0
    20 Производство на хемикалии и хемиски
производи
97.7 98.0 97.8 109.7
    21 Производство на основни фармацевтски
производи и фармацевтски препарати
98.9 98.9 99.0 122.8
    22 Производство на производи од гума и
производи од пластични маси
100.5 102.2 100.8 94.5
    23 Производство на други неметални
минерални производи
100.0 99.1 99.9 87.2
    24 Производство на метали 100.6 100.5 100.0 88.0
    25 Производство на фабрикувани метални
производи, освен машини и опрема
97.8 98.9 98.0 79.9
    26 Производство на компјутерски,
електронски и оптички производи
113.4 111.3 112.0 119.7
    27 Производство на електрична опрема 97.2 97.4 97.9 98.5
    28 Производство на машини и уреди,
неспомeнати на друго место
98.2 98.8 98.4 131.1
    29 Производство на моторни возила,
приколки и полуприколки
97.5 96.3 97.9 123.7
    30 Производство на останата опрема за
транспорт
98.6 98.6 98.6 91.4
    31 Производство на мебел 98.3 98.0 99.1 87.5
    32 Останата производствена индустрија 99.5 100.1 99.5 88.8
    33 Поправка и инсталирање на машини и опрема 96.6 96.6 97.4 105.3
Г Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација
101.0 100.3 100.1 94.4
    35 Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација
101.0 100.3 100.1 94.4

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation