Измијте, не користете антисептици, сопрете го крвавењето и веднаш побарајте доктор. Тоа се клучните работи на кои предупредува грчкиот Црвен крст по последниот инцидент на Пефкохори, каде зајачка риба касна туристка додека влегувала во морето.
Туристката успеала да излезе од морето, а луѓето на плажата веднаш ѝ помогнале да го запре крвавењето. Подоцна била пренесена во здравствен центар, каде примила серум против тетанус, антибиотска терапија и лекарска нега.
По ваков инцидент, грчкиот Црвен крст препорачува:
Во итни случаи, граѓаните можат да се јават на бројот 166 или на европскиот број за итни случаи 112.
Зајачката риба, позната и како лагокефалос, последниве години сè почесто се појавува во грчките води. Станува збор за инвазивен вид кој пристигнал од Црвеното Море и е познат по исклучително силното каснување.Научните извештаи бележат повеќе случаи на повреди во Грција, Турција, Кипар, Либија и Сирија.
Во еден од најсериозните документирани случаи, осумгодишно девојче во Турција претрпело тешки повреди на прстите по каснување од ваква риба.
Експертите предупредуваат дека најголемата опасност не е каснувањето, туку консумирањето на рибата. Во нејзините органи се наоѓа тетродотоксин, силен нервен отров што може да предизвика парализа и сериозни здравствени последици.
Поради ширењето на овој вид во Средоземното Море, грчката влада неодамна воведе и финансиски поттик за рибарите.
За секој уловен килограм зајачка риба се исплаќаат 5,33 евра.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
