Високо заразниот вирус на птичји грип H5N1 за прв пат е откриен во континентална Австралија, соопштија денска австралиските власти.
Министерката за земјоделство Џули Колинс изјави дека кафеава скуа, вид морска птица преселница, пронајдена на оддалечена плажа јужно од Перт во Западна Австралија, била позитивна на болеста.
Позитивниот резултат значи дека вирусот, кој инфицирал милиони птици низ целиот свет, сега се проширил на секој континент.
– Ова е високо патогениот сој што предизвикува загриженост и циркулира глобално, а ова е негово прво откривање на континентална Австралија – рече Колинс.
Таа нагласи дека нема докази за масовни смртни случаи ниту за инфекција кај живината.
Тестирани се примероци од друга болна птица од истиот регион и дале сомнителен позитивен резултат за птичји грип. Примероците сега се испратени на потврдно тестирање.
Премиерот Ентони Албанезе изјави дека случајот е загрижувачки, но земјата е добро подготвена да одговори.
– Ова е нешто што се случило преку птиците преселници и се случило низ целиот свет, и затоа се подготвуваме за ова – рече Албанезе.
Варијантата H5 на птичји грип беше пронајдена на субантарктичката оддалечена австралиска територија на островот Херд минатата година. Болеста беше откриена на островот, околу 4.000 километри југозападно од Перт, откако таму умреа невообичаено голем број морски слонови.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
