Вишиот суд во Белград ги осуди на затворски казни родителите на Коста К., детето кое на 3 мај 2023 година уби 10 и рани 6 луѓе во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.
Владимир Кецмановиќ е осуден на 14 години и 6 месеци затвор за кривичните дела Занемарување и злоставување на малолетно лице и Тешко дело против јавната безбедност, а Миљана Кецмановиќ е осудена на 2 години и 11 месеци затвор за Занемарување и злоставување на малолетно лице.
Ова е втора првостепена пресуда, на која обвинителството и одбраната имаат право да се жалат до Апелацискиот суд во Белград.
Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, во својот завршен збор му предложи на судот да ги осуди родителите Кецмановиќ на максимални затворски казни. Тој побара единствена затворска казна од 14 години и 11 месеци за Владимир Кецмановиќ, а тригодишна затворска казна за неговата сопруга Миљана Кецмановиќ.
Од друга страна, одбраната побара ослободителни пресуди, тврдејќи дека наводите во обвинението не се докажани.
Судењето е повторено откако поради повреда на кривичната постапка Апелацискиот суд во Белград ја поништи првостепената пресуда со која Кецмановиќи, исто така, беа осудени на повеќе години затвор.
Во незапаметеното злосторство, за време на првиот час во „Рибникар“ тогаш 13-годишниот ученик Коста Кецмановиќ со пиштолите на татко му уби 8 девојчиња, едно момче и обезбедувачот на училиштето, и рани 5 ученици и наставничка по историја.
Нему не може да му се суди за масакрот затоа што во времето на извршувањето на злосторството имаше помалку од 14 години, а на таа возраст, според законот, не е кривично одговорен. По апсењето е сместен во специјална психијатриска установа, каде што останува под надзор.
Такото Владимир е во притвор од злосторството до денес.
Главниот обвинител Ненад Стефановиќ во своите завршни зборови рече дека токму затоа законот ја пропишува посебната одговорност на родителите, кои имаат не само законска, туку и морална обврска да го воспитуваат и водат своето дете.
Судењето беше затворено за јавноста.
Tagged as:
14 ИПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ВЛАДИМИР КЕЦМАНОВИЌ 2 ГОДИНИ И 11 МЕСЕЦИ ЗА МИЉАНА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
