Историскиот меморандум за разбирање меѓу САД и Иран ќе биде потпишан во швајцарското одморалиште Биргеншток, локација што љубителите на филмовите ја паметат по култниот филм за Џејмс Бонд „Голдфингер“.
Швајцарското Министерство за надворешни работи соопшти дека церемонијата ќе се одржи в петок во комплексот над езерото Луцерн, наместо во Женева, која првично беше разгледувана како можен домаќин.
Изборот на локацијата бил поддржан од Пакистан и од Катар, земји што посредуваа во разговорите меѓу Вашингтон и Техеран.
Поради настанот ќе бидат ангажирани околу 2.000 војници, а над планината Биргеншток од 18 до 20 јуни ќе важи забрана за летови.
Одморалиштето и претходно било домаќин на важни меѓународни собири. Таму во 2024 година се одржа и мировниот самит за Украина.
Сепак, за многумина Биргеншток останува препознатлив по „Голдфингер“, третиот филм од серијалот за Џејмс Бонд, во кој легендарниот Шон Конери ја играше улогата на британскиот таен агент.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
