Вчера, по повод одбележувањето на 36 години од постоењето на ВМРО-ДПМНЕ на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, имавме чест и задоволство да бидеме заедно со десетици илјади граѓани кои со своето присуство дадоа силна поддршка и испратија порака на единство и заедништво, рече денеска генералниот секретар на партијата, Драган Ковачки.
– Искрено им благодариме на сите кои беа дел од овој значаен настан. Вашата доверба и поддршка се нашата најголема сила и мотив уште поодлучно да продолжиме да работиме за напредокот на Македонија. Во изминативе 36 години се соочивме со бројни предизвици, тешки моменти, неправди и разочарувања. Но, секогаш кога некој мислеше дека сме ослабени, ние станувавме уште посилни. Токму вие, народот и граѓаните бевте и останувате нашата најголема поддршка и двигател на нашата истрајност – рече Ковачки.
Идејата на ВМРО, поставена пред 133 години, живее и денес, затоа што 36 години ВМРО-ДПМНЕ е политичка организација создадена од народот и за народот, додаде тој, и затоа ниту еден предизвик, ниту еден напад, нема да може да ја поколеба нашата решеност да работиме во интерес на државата и на граѓаните.
– Вчера ја прославивме истрајноста, вербата, надежта и љубовта кон Македонија. Вредностите и идеалите на ВМРО остануваат автентични, македонски и цврсто втемелени во стремежот за просперитетна и успешна држава – рече Ковачки.
ВМРО-ДПМНЕ за две години власт направи многу, додаде тој.
– Од историски рекордни 1,255 милијарда евра инвестиции, до силен инвестициски циклус во инфраструктурата. Во моментов се реализираат 6 нови автопатски решенија кои треба да бидат завршени до крајот на 2027 година, а се предвидени и 10 милијарди евра капитални инвестиции во наредните 10 години за нови автопати, експресни патишта, железничка инфраструктура и обнова на постојните капацитети. Градиме и обновуваме студентски домови, даваме ваучери за електронски уреди, создаваме услови младите да започнат сопствен бизнис и својата иднина да ја градат дома. Ги зголемивме платите и пензиите, работиме на силна економија, а 7 квартали по ред бележиме економски раст од над 3 проценти. Градиме нови градинки, училишта, патишта, здравствени установи, спортски сали, а сè тоа додека враќаме стари долгови во просек од над 2 милијарди евра годишно – наброја тој.
ВМРО-ДПМНЕ покажа дека нема да води политика на попустливост кога станува збор за националните интереси, потенцира Ковачки.
– ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста во време кога на граѓаните им беа потребни конкретни решенија, стабилност и надеж. Наместо празни ветувања, неизвесност, разочараност денеска имаме развој, иднина, надеж, проекти и конкретни мерки. Со пораката „Македонија забрзува, наша обврска“, остануваме целосно посветени на иднината на државата и на подобрувањето на квалитетот на животот на секој граѓанин. Продолжуваме да работиме за посилна економија, повисок животен стандард, нови можности за младите и модерна Македонија која достоинствено чекори кон својата европска иднина. Ви благодариме што сте дел од оваа заедничка приказна и што заеднички ја градиме иднината на Македонија. Македонија се исправува чекор по чекор. Сега е време да забрза. Тоа е нашата обврска – порача генералниот секретар и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
Tagged as:
Градиме капитални проекти додека враќаме по 2 милијарди евра долг годишно
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
