Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Дарко Костадиновски, реагираше на соопштението на политичката партија Левица, истакнувајќи дека нема да коментира политички ставови, но чувствува обврска да одговори на, како што наведе, личните дисквалификации и навреди упатени кон него.
„Како претседател на Уставниот суд, останувам доследен на својот принципиелен став да не коментирам ничии политички ставови изнесени во јавноста. Сепак, овој пат, бидејќи се работи за лични дисквалификации, навреди, чувствувам должност да констатирам дека за жал, на македонската политичка сцена сѐ уште опстојува примитивен политички менталитет. Истовремено сакам и да изразам жалење што на мојот професионален живот и лична кариера, некој упорно им дава политичка димензија. Прашањето каде по завршувањето на мандатот ќе продолжи мојата кариера и дали тоа ќе биде универзитетската заедница претставува мој личен избор, како и легитимно право на секој граѓанин кој ги исполнува законските услови за вршење одредена професија“, наведува Костадиновски во дописот до медиумите.
Осврнувајќи се на критиките поврзани со неговиот можен ангажман во академската сфера, тој посочи:
„За конкретното прашање со кое се преокупирани некои политички структури, релевантни се следниве критериуми: моето научно творештво и искуство, како и потребата на академската заедница од таков кадар. А, овие критериуми кои е лесно да се објективизираат секако не зависат од било кој политичар и неговите преференци!“
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
