Background

Скандал: Охрид Турист на патот кон рацете на Андреа Вучиќ, Цветан Панделевски и Алта Банка ја водат операцијата за освојување на бисерот на охридското крајбрежје

Нов скандал го тресе Охрид и овој пат е поврзан со М1 на Свето Јаневски, но сега со нов и неочекуван актер, бизнисмен од Битола со потекло од село Врбјани охридско, Цветан Панделевски, и неговата придружничка Анета Ѓоргиев. Скандалот повторно ги отвора прашањата за иднината на АД Охридтурист, едно од највредните туристички претпријатија во Македонија, и за тоа кој навистина стои зад обидите за неговото преземање.

Серија неуспешни продажби на акциите на М1

Приказната почнува со серија неуспешни обиди на Свето Јаневски и неговиот М1 да ги продадат акциите во АД Охрид Турист Охрид. Во изминатиот период, управувачкиот пакет бил нуден на странски инвеститори, меѓу кои и Арапи и Кинези, преку посредник поврзан со село Лешани. Сите тие преговори завршиле без резултат. Потоа следуваше обид за продажба на акциите на Сашо Миjалков, и тоа повторно без успех. На крај, во игра влезе и еден голем играч од македонскиот градежен бизнис, чие преземање исто така не се реализирало.

- Advertisement -
Ad image

Откако сите овие обиди му пропаднаа во вода, Јаневски се свртел кон нов потенцијален купувач.

Цветан Панделевски, „манекенот” од Врбјани

Новото лице во оваа приказна е Цветан Панделевски, бизнисмен од Битола со корени во охридското село Врбјани, и неговата блиска деловна соработничка Анета Ѓоргиев. Двајцата се поранешни сопственици на Стопанска Банка Битола и сè уште активни сопственици на ЗИК Пелагонија, земјоделско индустриски комбинат со долга историја.

Според информациите до кои дојде Охридскај, Панделевски во манекенски стил, со капче на глава, се шетал низ сите главни објекти на АД Охридтурист, Хотел Десарет, Камп Љубаниште, рурираниот Хотел Палас, Летница и Охриент. Насекаде најавувал таканаречено „длабинско скенирање” на имотот и инфраструктурата. Цената која ја барал Свето Јаневски за управувачкиот пакет не е мала, точно 38.000.000 евра.

Правни и финансиски противречности кои ја блокираат продажбата

Меѓутоа, и Панделевски и Јаневски, свесно или несвесно, подзаборавиле на еден клучен факт: Јаневски не може законски да продава нешто што не е целосно негово.

Работата е сложена. АД Охридтурист има двојна вредносна слика. На акционерите им се прикажува вкупна вредност на компанијата од 22.000.000 евра за целосниот број на акции, но Јаневски за само 51% бара 38 милиони евра, цена која математички и логички не издржува.

Покрај тоа, вториот акционер, Екстра Скопско, веќе поседува правосилна судска пресуда со која е наложена поделба на имотот на акционерите. Без постапување по оваа пресуда и нејзина практична примена, секоја продажба на акции на М1 е правно невозможна. Дополнително, државата поседува акции во АД Охридтурист во вредност од 12.000.000 евра, а во акционерската структура фигурираат и пет помали акционери чии права не можат да се игнорираат.

Алта Банка, Андреа Вучиќ и интересите врз охридското крајбрежје

Но вистинското прашање кое се наметнува во охридската јавност не е само деловно, туку и политичко. Имено, тврди се дека Цветан Панделевски во овој случај не дејствува само во свое лично име, туку во корист на Алта Банка и Андреа Вучиќ, брат на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Доколку овие тврдења се точни, се поставуваат суштински прашања: Дали Алта Банка, преку Панделевски и Анета Ѓоргиев, планира да го окупира охридското крајбрежје? Дали зад целата операција стои интерес за контрола врз еден од најатрактивните туристички локалитети на Балканот? И дали македонските институции се свесни за она што се случува или свесно гледаат на друга страна?

Охрид заслужува транспарентност

АД Охридтурист не е обична компанија. Тоа е дел од идентитетот на Охрид, дел од неговиот туристички потенцијал и дел од јавниот интерес на граѓаните. Секој обид за непроѕирно преземање, без почитување на правосилни судски пресуди, без транспарентност кон акционерите и без јавна дебата, претставува директна закана за тој интерес.

Граѓаните на Охрид, акционерите, но и пошироката македонска јавност заслужуваат целосна транспарентност и конкретни одговори, од Јаневски, од Панделевски, од Алта Банка и од надлежните државни институции.

Сашо Денесовски-Лично

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation