Денеска ја промовиравме Скопската иницијатива, регионална платформа за соработка меѓу сестринските партии и прогресивните сили во регионот и Европа.
Темелот на таа соработка е борбата против авторитарните режими, борбата против корупцијата и европската интеграција на нашиот регион – практично, сите исти предизвици со кои се соочуваме во регионот.
На почетокот, искрена благодарност до генералниот секретар на Партијата на европските социјалисти, господин Џакомо Филибек, понатаму до госпоѓа Даша Шиловиќ, која ја предводи Мрежата за родова еднаквост, како и до претседателите на сестринските партии од регионот.
Имавме одлични дискусии, споделивме искуства и предлози. Од овој состанок ќе произлезе и заедничка Декларација, која ќе ја потпишеме на следниот состанок што ќе се одржи кон крајот на годината.
Имено, соочени со слични или исти предизвици, а тоа се силите на регресијата кои доминираат кај нас во Македонија и во регионот, и кои не дозволуваат да го продолжиме патот на развојот, реформите и евроинтеграцијата, мораме заеднички да се справиме со нив, затоа што заедно сме посилни.
Особено во оваа ситуација и особено по вчерашниот самит за Западен Балкан на Европската Унија во Тиват. За првпат вака јавно и во оваа форма сите земји членки на Европската Унија кажуваат дека Западниот Балкан припаѓа во Европа. Нудат механизми и олеснувања со кои се забрзува нашата евроинтеграција, а бенефитите од членството се добиваат и чувствуваат уште за време на преговорите, а не дури откако земјата ќе стане членка на Европската Унија.
Сметам дека оваа можност треба да ја искористиме додека вратата е отворена во оваа форма.
Да не ја пропуштиме шансата, затоа што станува збор за иднината на државата, за благосостојбата и квалитетот на живот на граѓаните кои со децении го чекаат овој момент.
Сме имале многу разочарувања во минатото, вклучително и од Европската Унија. Едно од нив беше француското вето пред неколку години, кога сите очекувавме почеток на преговорите, но тоа не се случи. Потоа следеше понатамошен развој на процесот и сега треба да се направи следниот чекор – да започнат преговорите и отворањето на поглавјата.
Искрено верувам дека во оваа форма, заеднички и многу посилни, ќе ги надминеме силите што нè држат во место, а кои како механизми и инструменти ги користат корупцијата и кражбата на народните пари. Токму тоа е горивото што им овозможува на овие авторитарни режими толку силно и моќно да владеат.
Tagged as:
Филипче: „Скопска иницијатива“ ги обедини прогресивните сили во регионот за европска иднина
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
