Background

Македонскиот ИКТ сектор продолжува да биде еден од најсилните двигатели на економскиот раст во државата, достигнувајќи вкупни приходи од 1,77 милијарди евра во 2025 година и извоз од 676 милиони евра

Македонскиот ИКТ сектор продолжува да биде еден од најсилните двигатели на економскиот раст во државата, достигнувајќи вкупни приходи од 1,77 милијарди евра во 2025 година и извоз од 676 милиони евра, покажуваат податоците презентирани на првиот македонско-грчки „Digital Bridge & Business ICT Forum”, организиран од МАСИТ и грчката асоцијација SETPE.

Според анализата на МАСИТ, секторот во 2025 година бележи раст од 7% на приходите и 7,1% на извозот во однос на претходната година. Во индустријата работат 24.134 вработени во вкупно 3.367 активни компании.
Особено значаен е долгорочниот тренд на раст. Во периодот од 2020 до 2025 година, приходите на ИКТ секторот се зголемиле за 80%, од 985 милиони евра на 1,77 милијарди евра, додека извозот пораснал за дури 193%, од 231 милион евра на 676 милиони евра. Во истиот период бројот на вработени е зголемен за 44%, а бројот на компании за 42%.

„-Овие бројки потврдуваат дека ИКТ секторот одамна не е само една од перспективните индустрии во земјата, туку еден од клучните носители на економскиот развој, извозот и висококвалификуваните работни места. Растот што го гледаме во изминатите години е резултат на континуирани инвестиции во луѓе, знаење и иновации, но и доказ дека македонските компании успешно се натпреваруваат на меѓународните пазари- изјави претседателот на МАСИТ, Јордан Димитриевски.

- Advertisement -
Ad image

Анализата покажува дека ИКТ секторот учествува со околу 4,5% во БДП на државата и расте речиси двојно побрзо од вкупната економија. Додека вкупниот економски раст изнесува 3,8%, секторот бележи раст од 7,4%.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation