Кардиолозите на Универзитетскиот клинички центар во Марибор ,под менторство на Др Игор Балевски успешно го извршија еден од најбараните и најсложените зафати во модерната кардиологија, вградување на нова срцева залистка преку вена на ногата, без отворање на градниот кош. Со овој успех, Словенија се потврдува меѓу европскиот врв во интервентната кардиологија.
Д-р Игор Балевски од Охрид, Северна Македонија, доцент на Медицинскиот факултет во Љубљана, е еден од само 17 лекари во целиот свет кои ја изведуваат оваа револуционерна минимално инвазивна метода. Зафатот е наменет за пациенти кај кои класичните хируршки методи не се возможни, а им нуди брз опоравок, минимален ризик и максимални резултати.
Наместо традиционалната отворена операција на срцето, залистката се вградува преку катетер воведен низ вена на ногата, без сечење на градниот кош и без употреба на апарат за вештачко срце и бели дробови. Ова е медицина на иднината, достапна денес, во нашиот регион.
За пациентите од Македонија и целиот Западен Балкан, присуството на д-р Балевски во оваа светска медицинска елита значи пристап до третман од највисок европски стандард, без напуштање на регионот.
Tagged as:
17 лекари во светот без отворање граден кош вградување залистка вена нога д-р Игор Балевски доцент Љубљана европски врв здравје здравство Македонија иновација во медицината интервентна кардиологија кардиологија кардиологија Западен Балкан кардиохирургија медицина Медицински факултет Љубљана минимално инвазивна хирургија охрид ретка метода светска медицина Северна Македонија срцева залистка срцева операција транскатетерска метода УКЦ Марибор
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
