Три лица се лишени од слобода за семејно насилство во последното деноноќие, соопшти полицијата.
Како што е наведено во полицискиот билтен, на 25.05.2026 во 04:30 часот лишен е од слобода Т.С.(51) од Битола, бидејќи во семејниот дом во Битола физички ја нападнал неговата 54-годишна сопруга, а притоа користел и метални и дрвени предмети. Од страна на судија од Основен суд Битола на Т.С. одредена му е мерка притвор.
На 25.05.2026 во 20:50 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.Ј. (28) од кумановско село, затоа што физички ја нападнал неговата мајка.
На 25.05.2026 во 15:40 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.А.(48) од Кичево, по претходна пријава дека на 24.05.2026 околу 11:30 часот во семејниот дом на пријавениот, тој физички ја нападнал неговата 40-годишна вонбрачна партнерка од Кичевско.
Tagged as:
Три лица се лишени од слобода за семејно насилство во последното деноноќие
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
