Стоилковиќ отворено работи на соработка со Кина – а во Македонија тоа се крие од јавноста
Како што месеци наназад предупредувавме, вицепремиерот Иван Стоилковиќ, најблискиот соработник на Мицкоски и втор човек во владата, отворено работи за интереси спротивни на европската иднина на Македонија.
Човекот кој со години соработува со српската БИА и ги застапува руските интереси, сега ја работи на кинеската агенда.
Интервјуто се крие од македонската јавност, бидејќи знаат дека граѓаните нема да го прифатат.
Додека новиот стратегиски документ на Стејт департментот јасно нагласува три приоритети – борба против криминал и корупцијата и никаква соработка со Кина и Русија – Стоилковиќ патува во Кина со делегацијата на СНС на Вучиќ, како да е дел од нив.
Ова е свесна политика на Мицкоски и неговата криминална група – да ја држат Македонија во изолација од Европа, а да ја врзуваат за авторитарни режими и источни сили.
Граѓаните заслужуваат европска иднина, а не да бидат заложници на туѓи интереси.
Малцинства во Уставот сега.