Background

ВО МТВ ТЕХНИКАТА Е ЗАСТАРЕНА, ПРОДУКЦИЈАТА „НУЛА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЕДВАЈ ЧЕКААТ ПЕНЗИЈА

Јавниот сервис е паднат на најниско ниво во изминатите 20 години, наоѓајќи се во сериозна хибернација и стагнација – изјави новиот директор на Македонската радио-телевизија (МРТ), Зоран Ристовски, кој во интервју за 4news.mk отворено говори за катастрофалната состојба во која ја наследува телевизијата.

Според Ристовски, МРТ во моментов се наоѓа на „последното ниво“ во споредба со медиумите од регионот, но и со домашните комерцијални телевизии. Кадровската слика е поразителна – бројот на вработени е драстично намален од 2.000 на едвај 600 лица, чија просечна возраст надминува 58 години. Условите за работа се опишани како катастрофални, до тој степен што, според директорот, „луѓето едвај чекаат да се пензионираат“.

– Сопствена продукција во телевизијата не постои. Техничката опременост е на катастрофално ниво. Во тек на емитување на програма се случуваат технички грешки поради застареност на техниката. Камерите на дописниците денес произведуваат слика полоша од онаа пред 30 години. Вестите веќе ги ослободивме, сега се во целосна продукција на МРТ, останува уште временската прогноза, но и тоа ќе го промениме од следната недела – дециден е Ристовски.

- Advertisement -
Ad image

Тој вели дека негова цел како директор е да го врати некогашниот сјај на јавниот сервис, бидејќи, како што вели, без силен јавен сервис не може да се зборува за силни медиуми во државата. Тој најави дека ќе се бараат грантови и решенија за да се подобрат основните услови, со цел „на вработените да не им се враќаат нозете кога доаѓаат на работа“.

– Анализираме и голем дел од проектите во копродукција ќе ги укинеме – додади Ристовски.

Интересот на младите за новинарската професија е драстично опаднат, а телевизијата како медиум ја губи битката со новите дигитални формати. Дури 80 отсто од младите воопшто не гледаат телевизија, а интересот за студирање новинарство е сведен на минимум.

За да се спречи изумирањето на професијата, МРТ започнува сериозна офанзива за регрутација на нов кадар.

– Направивме конкурс и обезбедивме добри едукатори. Имаме преку 200 пријавени кандидати. Со нив прво ќе се работи на терен и на монтажа, а потоа ќе се обучуваат за работа пред камери и микрофони. Ќе тренираме сериозна група млади репортери и новинари, бидејќи без нив медиумите замираат – најави Ристовски.

Зголемување на примањата на вработените е еден од главните приоритети на новото раководство на МРТ. Хонорарците, кои со месеци остануваа без плата, во иднина ќе ја добиваат платата истовремено со редовно вработените.

Точната финансиска состојба на МРТ сè уште се анализира за да се утврди што точно може да се реализира од планираните програми и желби. Како пример за финансиските проблеми со кои се соочува телевизијата, Ристовски го посочи примерот со телевизиските права за Светското првенство, каде понудата изнесувала огромни 2,6 милиони евра, иако таа цена, според неговите зборови, била четири пати пониска. Целосната финансиска ревизија треба да покаже со каков буџетски капацитет ќе располага МРТ во наредниот период.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation