Background

НЕМА ДА БИДЕ ОБЈАВЕН ИЗВЕШТАЈОТ НА СТРАНСКАТА КОМИСИЈА

Извештајот од странската експертска комисија, која изврши независен стручен увид на 13 случаи и потврди 9 случаи поврзани со сомнежи за непотребни кардиохируршки интервенции, содржи лични и медицински податоци на пациентите, како и детална медицинска документација, дијагностички наоди, податоци за третманот и клиничкиот тек на случаите. Во согласност со член 25 став 1 од Законот за заштита на правата на пациентите, личните и медицинските податоци на пациентот мора да се чуваат во тајност во согласност со прописите за заштита на личните податоци. Поради тоа, пристапот до целосниот извештај не може да биде овозможен во форма што би содржела податоци од медицинската документација на пациентите, изјави за МИА министерот за здравство, Азир Алиу.

Во вакви случаи, посочи министерот, не е доволно само технички да се затемнат името и презимето затоа што преку комбинација на дијагнози, датуми, установи, тип на интервенција, клинички тек и други медицински детали може да се дојде до индиректна идентификација на пациентите.

На прашање дали деветте случаи се истите оние што ги потврди и интерната комисија, тој истакна дека станува збор за истата група од 13 предмети што беа издвоени по стручната анализа на интерната комисија и доставени на дополнителен независен увид до странските експерти.

- Advertisement -
Ad image

– Странската комисија направи сопствена, независна анализа на доставената медицинска документација и кај 9 од тие 13 предмети утврди сомнителни наоди во дијагностичката евалуација и несоодветна индикација за ендоваскуларни или хируршки процедури. Затоа беше соопштено дека наодите на странската комисија во значаен дел се поклопуваат со наодите на домашната интерна комисија, но секоја комисија работеше самостојно и независно – вели Алиу.

Во врска со тоа зошто се инсистира дека случаите се сомнителни кога и двете комисии утврдиле дека интервенциите биле непотребни, тој потенцира дека Министерството за здравство не смее да носи правни квалификации. Според него, нивна обврска е да ги соопштат стручните наоди, да ги достават до надлежните институции и да преземат системски мерки, за да се спречи повторување.

Прашан во врска со евентуално ново вештачење од Јавното обвинителство, кога веќе има потврдени наоди од домашната и од странската комисија, тој истака дека Министерството за здравство не најави ново вештачење од Јавното обвинителство, ниту може да најавува процесни дејства во име на друга институција.

– Тоа што беше соопштено е дека наодите од домашната и странската стручна комисија ќе бидат доставени до надлежните институции, вклучително и до Јавното обвинителство. Наодите на двете комисии претставуваат стручна основа и затоа Министерството ќе постапи институционално и одговорно. Но, евентуалните наредни чекори, вклучително и дали ќе се бара дополнително вештачење, се во надлежност на Јавното обвинителство, а не на Министерството за здравство, вели минисерот Алиу.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation